Првите делови од подморницата „Титан“ се извлечени на брегот, на нив се пронајдени човечки остатоци

June 29, 2023
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Делови од подморницата „Титан“, која имплодираше за време на длабочинското нурнување до „Титаник“, кога смртно настрадаа пет лица, вчера беа извлечени на брегот, а на деловите од подморницата се откриени човечки остатоци, пренесува Анадолу.

Американската крајбрежна стража објави дека на деловите од подморницата „Титан“ се пронајдени остатоци опишани како „претпоставени човечки остатоци“ и дека ќе биде спроведена службена анализа.

Во соопштението се наведува дека остатоците од подморницата се „внимателно спасени“ од подрачјето на околу 700 километри од брегот на канадскиот град Сент Џонс.

„Доказите на инспекторите од неколку меѓународни јурисдикции ќе им дадат критичен увид за причината за оваа трагедија. Потребно е да се заврши значајна работа за да се разберат факторите што доведоа до овој катастрофален губиток на ‘Титан’ за да се осигури повеќе да не се случат слични трагедии“, изјави Џејсон Нојбаер, кој ја води истрагата за потонувањето на подморницата „Титан“.

Иако е објавено дека меѓу пронајдените остатоци од подморницата бил и задниот капак на подморницата, се напоменува дека извадените делови ќе послужат во истрагата за да се утврди причината за несреќата.

Подморницата „Титан“ на компанијата „OceanGate“, која на 18 јуни организираше туристичко патување до остатоците на бродот „Титаник“ во Атлантскиот Океан, имплодираше во длабоките океански води, усмртувајќи пет лица. Во подморницата се наоѓаа британскиот милијардер Хемиш Хардинг, кој ја поседува компанијата „Action Aviation“, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, францускиот управувач со подморници Пол Хенри Наргеолет и Стоктон Раш, основач и извршен директор на компанијата „OceanGatea“, кој ја поседува подморницата и организира мисии.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Наводни човечки останки пронајдени меѓу остатоците од подморницата „Титан“

Следно

Руски медиуми: Генералот Суровикин е приведен поради бунтот на „Вагнер“

Latest from Blog

Британска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелање

Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за

Мицкоски за реконструкцијата на владата: Понекогаш тоа се прави затоа што се менуваат приоритетите

Секоја реконструкција не е реконструкција поради резултати, дали тие резултати биле добри или недоволно добри, или воопшто немало резултати, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во „Отвореното студио“ на МРТВ. -Понекогаш рекунстукцијата се

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако
Go toTop