Синот на Вучиќ бил запрен и претресен во Косово, полицијата барала да ја соблече маицата со „провокативен натпис“

June 29, 2023
1 min read

„Кошулата не му беше соблечена, а образот му остана чист“, напиша на својот инстаграм-профил српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека косовската полиција му вперила пиштол во главата на неговиот син Данило Вучиќ откако одбил да ја соблече маицата со натпис „Предавањето не е опција“

Косовската полиција синоќа го запрела и го пребарала автомобилот во кој се наоѓал синот на српскиот претседател Алекдандар Вучиќ, Данило Вучиќ, кој вчера бил на митингот што се одржал во градот Грачаница во Косово по повод празникот Видовден.

Фото: Инстаграм профилот на српскиот претседател

Тој, како што пренесуваат српските и косовските медиуми, бил запрен на автопат од страна на косовската полиција која од него побарала да ја соблече маицата. На маицата која ја носел синот на Вучиќ стоел порака „Предавањето не е опција“, што полицијата оценила дека е провокативна.

Косовската РТВ Дукаѓини објави видеоснимка за која тврди дека е од моментот на запирањето на автомобилот на синот на српскиот претседател од страна на косовската полиција.

На својот профил на Инстаграм синоќа се огласи српскиот претседател Александар Вучиќ, велејќи дека неговиот син бил запрен од косовските полицајци кои од него барале по секоја цена да ја соблече маицата.

„Данило не се согласил, а потоа му го впериле пиштолот и го прашале ‘Таткото име?’ Тој одговори: ‘Александар! Тоа е мојот татко и твојот претседател!’ Кошулата не му беше соблечена, а образот му остана чист“,

напиша Вучиќ на својот инстаграм-профил.

Српскиот претседател ја заврши својата објава на Инстаграм со зборовите „Предавањето не е опција“.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија го дозна патот кој треба да го помине за пласман на Мундијалот во 2026

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Големи нереди во Франција поради убиството на млад човек: Запален трамвај, уапсени 150 лица

Latest from Blog

Дебакл на италијанските екипи во ЛШ, Норвежаните покажаа дека може да парираат и на најдобрите

По комплетирањето на второто коло од Лига на шампиони, вкупно девет екипи имаат максимални шест бодови, а осум екипи немаат освоено ниту еден бод. Од 18-те натпревари кои се одиграа синоќа и

Иран со жесток одговор до САД : Пропаѓањето на нашата економија е илузија

Гувернерот на Централната банка на Иран, Абдолнасер Хемати, на состанокот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Бангкок во понеделник изјави дека тврдењата на САД дека економијата на Иран се урива се „илузии“,

„Ова не може да се спореди со ништо претходно, имотот на најпознатите американски брендови се уништува. Белата куќа молчи“

И покрај тоа што Русија ги интензивира нападите врз објекти во Украина поврзани со американски корпорации, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација не реагираат на тоа на никаков начин, објавува CNN.
Go toTop