Шолц: Не треба да има нови условувања за С Македонија на патот кон ЕУ, за тоа јас гарантирам

June 28, 2023
3 mins read

Имаме голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ. Од централно значење е планираната промена на Уставот. Од нејзиниот успех зависат многу нешта. Знам дека тоа не е едноставен чекор, но е потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ, рече Шолц

Премиерот Димитар Ковачевски заблагодарувајќи за усвоената Резулуција од страна на Бундестагот, со што Германија дава недвосмислено охрабрување на Северна Македонија на евро-интегративниот пат до полноправно членство во Европската Унија, рече дека со неа се дава дополнителен поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери во општеството

ФОТО: Влада на РСМ

Пристапните преговори за Северна Македонија кон ЕУ треба да се одвиваат по редовен процес, според постапките кои се управуваат од ЕУ. Тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да има други што се однесува до билатералната состојба меѓу Северна Македонија и Бугарија. За тоа стојам, јас гарантирам – рече германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференцијата што ја имаа заедно со македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој е во официјална дводневна посета на Германија.

Ќе бидам јасен, тоа е јасно договорено и треба така да биде, да биде редовен пристапен процес, според постапките кои се управуваат од ЕУ, тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да дојдат други што се однесува до билатералната состојба. За тоа стојам, јас гарантирам“,

рече Шолц.

Одговорот на Шолц доаѓа по поставено новинарско прашање кое се однесуваше на писмото на бугарскиот претседател Румен Радев упатено до лидерите на ЕУ пред два дена во кое порача дека во резолуцијата на германскиот Бундестаг се повикува Бугарија да не поставува дополнителни услови за прием на РСМ во ЕУ. Во таа насока, шефот на бугарската држава нагласува дека вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата е само прелиминарен услов за почеток на преговорите за членство. Сепак, тоа не ги исцрпува условите што треба да ги исполни Северна Македонија.

Шолц, на прес-конференцијата, рече и дека Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, а за Северна Македонија тоа важи посебно.

„Имаме голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ. Од централно значење е планираната промена на Уставот. Од нејзиниот успех зависат многу нешта. Знам дека тоа не е едноставен чекор, но е потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ. Оттука сакам да ја охрабрам Северна Македонија да продолжи на патот на реформите со своите заложби. Реформите не се апстрактни барања. Уште сега имаат конкретни позитивни влијанија за граѓаните“,

рече Шолц.

Канцеларот Шолц се осврна и на тоа дека Северна Македонија како дел од НАТО алијансата одлучно е поставена против напаѓачката војна на Русија.

Според Шолц, важен е и Берлинскиот процес каде шесте земји од Западен Балкан блиску соработуваат на заедничкиот пат кон ЕУ.

„Но, тука постои уште многу потенцијал. Минатиот ноември процесот доби нов импулс со еден самит, со некои од спогодбите се доближивме до целта да создадеме заеднички регионален пазар. Оваа година на тоа сакаме да напредуваме и драго ми е што Самитот ќе се одржи во Тирана на 16 октомври. Поради актуелните напнатости меѓу Србија и Косово го сметаме овој самит за посебно значење. Тоа би била добра прилика за Србија и Косово да ги нормализираат односите во спроведување на Охридскиот договор“,

додаде Шолц.

Премиерот Димитар Ковачевски заблагодарувајќи за усвоената Резулуција од страна на Бундестагот, со што Германија дава недвосмислено охрабрување на Северна Македонија на евро-интегративниот пат до полноправно членство во Европската Унија, рече дека со неа се дава дополнителен поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери во општеството.

Ковачевски и од Берлин повтори дека ЕУ е нашата единствена цел, а подобар договор од овој пред нас нема, ниту некој може да обезбеди.

„И токму затоа овој трасиран пат до ЕУ, иако нема да е лесен, мора да се изоди. Дали ќе бидеме и ние таму, сега зависи само и единствено од нас. Оваа историска шанса која ја имаме, не смееме да ја пропуштиме и треба да го дадеме нашиот глас за Европа. Гласот во македонскиот парламент за уставните измени е глас за европската иднина на Северна Македонија. Ние, заедно со Европската Унија, сме обединети и тоа обединети во нашите различности“,

рече Ковачевски.  

Премиерот Димитар Ковачевски, вечерва, во Берлин, беше пречекан со највисоки државни и воени почести од германскиот канцелар Олаф Шолц. По интонирањето на македонската и германската химна, Ковачевски и Шолц се упатија во владината зграда од каде беше прес-конференцијата.

Во рамки на официјалната посета, премиерот Ковачевски ќе учествува на експертска дискусија во организација на фондацијата Фридрих Еберт (Friedrich Ebert Stiftung) и ќе има средба со претставници на здруженија на македонски иселеници во Берлин, а ќе има и работна средба и со главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.

Во состав на македонската делегација, која ја предводи премиерот Ковачевски, се и заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бројот 88 забранет на фудбалските дресови во Италија: Причината добро позната на цела Европа!

Следно

Унгарија го одложува гласањето за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Latest from Blog

Бучковски: Влезот во НАТО е најдоброто што го направивме за Македонија, денес политиката се води од ПР наместо од државни интереси

Поранешниот премиер на Македонија, Владо Бучковски во емисијата Граѓански агол на организацијата Центар за граѓанско образование од Црна Гора, порача дека влезот во НАТО е најдоброто нешто што ѝ се случило на

Вработените на ЗОО Скопје ја бараат платата за март, СОНК повика итно да им се исплати

Вработени во Зоолошката градина-Скопје денеска за време на паузата, поддржани од СОНК, излегоа на протест пред установата за да ги повикаат надлежните институции – Министерствотио за култура и туризам и Град Скопје

Денес се вози 6-тата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије

ИЗМИР (АА) – Денес се вози шестата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије на трасата помеѓу Селчук (Исабеј) – Селчук (Мерјем Ана), јавува Анадолу. Шестата етапа од Претседателската трка на

Неверојатно: На „Енфилд“ измерен земјотрес кога навивачите на Ливерпул ја славеа титулата

Научниците од Универзитетот во Ливерпул потврдија дека навивачите на новиот шампион на Англија, Ливерпул, предизвикале вистински земјотрес додека го славеле освојувањето на шампионската титула. Гигантот од „Енфилд“ во неделата ја потврди 20-та

Германската разузнавачка служба ја класифицира партијата АфД како „докажана екстремистичка група“

БЕРЛИН (АА) – Германската служба за домашно разузнавање денес ја класифицираше крајнодесничарската партија АфД (AfD) како „докажана екстремистичка група“ – ознака што најверојатно ќе ја разгори дебатата за забрана на партијата, јавува
Go toTop