Баерн ја прекина соработката со Катар ервејс

June 28, 2023
1 min read

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен објави денеска дека спогодбено ја прекина комерцијалната соработка со авиокомпанијата Катар ервејс, која долго време предизвикуваше контроверзи поради обвинувањата за кршење на човековите права во оваа заливска држава.

„Договорот меѓу Баерн Минхен и Катар ервејс завршува спогодбено по пет заеднички возбудливи години“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на официјалниот сајт на германскиот клуб.

„Баерн Минхен и Катар ервејс успешно соработуваа и учеа едни од други“, рече извршниот директор на Баерн, Јан – Кристијан Дресен.

Шефот на авиокомпанијата Акбар Ал- Бакер, од своја страна, изрази ” најдобри желби за иднината на клубот”.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон: Убиството на тинејџерот е непростливо

Следно

Се зголемува бројот на жртвите во ракетниот напад во Краматорск, украинските служби уапсиле осомничен соучесник

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop