Објавен романот „Русинката“ од Џиб Михаеску

June 28, 2023
1 min read

„Македоника литера“ деновиве го објави романот „Русинката“ на познатиот романски писател Џиб Михаеску, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова.

„Русинката“, како што сметаат издавачите, е еден од најдобрите воени романи, иако во него нема борбени дејства, преовладува романтичниот порив спрема жената, во кој е одразена трагичната реалност на последиците од револуцијата, дури и кога таа се случила на другата страна на реката. Талентиран хроничар на своето време, низ перипетиите на бегалците и активностите на безбедносните сили, Михаеску во „Русинката“ создал воен роман во форма на модерна бајка. Воедно, во него силно се манифестира естетиката на романскиот модернизам, со метаморфозата на реката што ја доживува нараторот, интензивните еротски сцени пренесени многу емотивно, натуралистичките сцени на човечкото страдање, како и психолошките размисли и дијалози.

Џиб Михаеску , чие вистинско име е Георге И. Михаеску, е романски прозаист и драматург, еден од најголемите во романската литература во првата половина на 20 век. Роден е во 1894 година во Драгаши, Романија. Неговото прво објавено дело е расказот „Прва линија“, додека неговата прва објавена книга била збирката раскази, „Грандифлора“ . Драмата „Павилјонот во сенка“ постигнала огромен успех во Букурешт, меѓу кои напишал и пет романи: „Раката на Андромеда“ , „Русинката“ , „Чоколадна жена“, „Деновите и ноќите на задоцнетиот студент“ и „Дона Алба“. Автор е и на книгите со раскази „Веденија“ и „Сонот“.

„Русинката“ е второ дело на Џиб Михаеску преведено на македонски јазик, по романот „Дона Алба“, исто така во издание на „Македоника литера“ (2022).

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меси испрати „убиствен поглед“ на своето деби како актер (Видео)

Следно

Ако вака продолжи Украина ни за 16 години нема да си ја врати територијата

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop