Италија: Зголемувањето на каматните стапки на Европската централна банка не е вистински лек за инфлацијата

June 28, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денес отворено ја критикуваше политиката на Европската централна банка за консекутивните зголемувања на каматните стапки насочени кон борбата против високата инфлација во Еврозоната, нагласувајќи дека тоа има ризик да ја погоди економијата наместо да ѝ помогне, јавува Анадолу.

Во говорот во Парламентот пред Европскиот самит во Брисел, италијанската премиерка рече дека „инфлацијата е неподнослив скриен данок со кој мора да се бориме одлучно, но решението не е да се зголемат каматните стапки“.

Мелони не е првиот италијански политичар што покажа сомнение за неодамнешните потези на шефицата на Европската централна банка, Кристин Ларгард, која неделава најави уште едно зголемување на каматните стапки за јули, предизвикувајќи критики од италијанските вицепремиери Антонио Тајани и Матео Салвини.

„В ред е одлучно да се бориме против инфлацијата, но поедноставениот рецепт за зголемување на стапките преземен од Европската централна банка во очите на многумина не се чини дека е вистинскиот пат“, рече Мелони.

Таа, исто така, истакна дека порастот на цените во Европа не е ефект од растечка економија, туку е предизвикан од „ендогени фактори, пред сè, од енергетската криза“.

„Ризикот што не може да се игнорира е дека постојаното зголемување на стапките може да биде лек поштетен од болеста“, посочи Мелони.

Вчера Тајани, кој ја извршува и функцијата министер за надворешни работи на Италија, рече дека високите каматни стапки ја ставаат земјата во ризик од рецесија, критикувајќи ја одлуката на Лагард.

Европската централна банка претходно овој месец ги зголеми своите каматни стапки на највисоко ниво во повеќе од 20 години, придвижувајќи ја стапката-репер во Еврозоната на 3,5 отсто и најави ново зголемување за следниот месец.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ако за Мбапе се грижеше менаџер, а не мајка му, одамна ќе беше во Реал Мадрид“

Следно

Меси испрати „убиствен поглед“ на своето деби како актер (Видео)

Latest from Blog

Американците убиле 153 цивили за една година

Ова е значително зголемување од 2024 година, кога Пентагон процени дека двајца цивили биле убиени, а двајца повредени во американските воени операции, објави Ројтерс. Според извештајот на Пентагон до Конгресот, сите смртни

Статистика со одредена доза мистика

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација. Според најновата компаративна анализа на РИА Новости, Русија има најниска стапка на невработеност меѓу земјите од Г20

Неславен рекорд на Владимир Путин

Јули беше исто така четвртиот најефикасен месец за украинските сили во однос на загубите на руски персонал од почетокот на целосната руска инвазија. Генералштабот на Украина проценува дека вкупните загуби на руски
Go toTop