ОН: Најмалку 600 луѓе се убиени во последните три месеци во ДР Конго

June 27, 2023
1 min read

КИГАЛИ (АА) – Повеќе од 600 луѓе се убиени од страна на вооружени групи во текот на последните три месеци во немирното источно подрачје на Демократска Република Конго, соопшти денес помошничката на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) за Африка, Марта Поби, известува Анадолу.

Обраќајќи се пред Советот за безбедност на ОН, таа рече дека убиствата може да им се припишат на групите Задруга за развој на Конго (CODECO), милицијата на Заид и бунтовничката група Сојузнички демократски сили (ADF).

Според нејзините зборови, безбедносната ситуација во источниот дел на ДР Конго продолжува да се влошува и покрај затишјето на вооружените судири меѓу бунтовничките групи М23 и владините сили во провинцијата Северен Киву.

Повторувајќи го повикот на ОН кон сите вооружени групи да ги запрат непријателствата, Поби повика на прераспоредување на владините безбедносни сили, особено во Итури за да се обнови државната власт во тоа подрачје.

Источен Конго, според податоците на ОН, има 5,7 милиони интерно раселени лица поради немање безбедни извори на храна.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА РЕЖИСЕРКАТА ВИОЛЕТА ЏОЛЕВА

Следно

Ливерпул за Мбапе понуди 50 милиони евра повеќе од Реал

Latest from Blog

Флорентино Перес патува во Сеута за да се извини за гестот на Мбапе, Винисиус и Конате?!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, во петок ќе отпатува во шпанската енклава Сеута, објавија медиумите во Шпанија. Перес ќе биде придружуван од Емилио Бутрагењо и почесниот претседател на клубот, Хозе Мартинес

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена
Go toTop