Путин: Сите мои инструкции во текот на бунтот беа со цел да се избегне крвопролевање

June 27, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Претседателот на Русија, Владимир Путин, во телевизиското обраќање синоќа изјави дека сите негови одлуки во текот на викендот, кога избувна бунтот на групата „Вагнер“, биле во насока да се избегне крвопролевање, пренесува Анадолу.

Путин им порача на членовите на групата „Вагнер“ дека ветувањето што им го дал ќе биде исполнето.

„Денес имате можност да продолжите да ѝ служите на Русија така што ќе склучите договор со Министерството за одбрана или некоја друга агенција за спроведување на законот или да им се вратите на своите семејства и најблиски. Кој сака може да замине за Белорусија. Ветувањето што го дадов ќе биде исполнето. Повторувам, изборот е на вас, но сигурен сум дека тоа ќе биде избор на руските војници што ја сфатија својата трагична грешка“, истакна Путин.

Рускиот лидер рече дека „огромно мнозинство“ од борците и командантите на групата „Вагнер“ се „руски патриоти, посветени на својот народ и држава“, додавајќи дека тоа го докажале со својата храброст на бојното поле.

„Имаше обид да бидат искористени против нивните браќа по оружје, со кои заедно се бореа за благосостојбата на својата земја и нејзината иднина“, нагласи Путин.

Тој истакна дека уште од самиот почеток на викендот, по негови директни упатства, преземени се чекори „да се избегне големо крвопролевање“.

„За тоа беше потребно време, вклучително и тоа, да им се даде можност повторно да размислат оние што згрешија, да сфатат дека нивните постапки остро се отфрлени од страна на општеството и какви трагични, деструктивни последици по Русија, нашата земја, има авантурата во која ги вовлекоа“, наведе Путин.

Им се заблагодари на оние борци и команданти на групата „Вагнер“ што „донеле правилна одлука и не влегле во братоубиствено крвопролевање, туку застанале на последната линија“.

Во саботата паравоената група „Вагнер“ го обвини Министерството за одбрана на Русија за напад на нејзините борци.

Потоа основачот на групата „Вагнер“, Јевгениј Пригожин, прогласи „Марш на правдата“ и со своите сили ја премина украинската граница и влезе во рускиот град Ростов на Дон, каде што зазедоа клучни воени објекти.

Пригожин порача дека неговите борци ќе тргнат кон Москва, што ја наведе Москва да ја заостри безбедноста во различни региони на Русија.

Подоцна Пригожин изјави дека неговите борци одлучиле да се вратат, со цел да се избегне крвопролевање, кога биле 200 километри оддалечени од Москва, додека претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, рече дека зборувал со шефот на групата „Вагнер“ со согласност на Путин, а Пригожин го прифатил договорот за деескалација.

Во согласност со договорот постигнат со посредство на белорускиот лидер Лукашенко, со кој е смирена кризата во саботата вечер, Кремљ соопшти дека казнената постапка против Пригожин ќе биде суспендирана и дека тој ќе се пресели во Белорусија. Меѓутоа, некои руски медиуми објавија дека постапката против Пригожин сепак не е суспендирана и дека истрагата продолжува.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин потврди дека руски пилоти загинале за време на бунтот на „Вагнер“

Следно

АНЏЕЛА БАСЕТ И МЕЛ БРУКС МЕЃУ ДОБИТНИЦИТЕ НА ПОЧЕСЕН ОСКАР

Latest from Blog

Проданоски ги израдува најмалите во прилепските градинки

Во пресрет на новогодишните празници, градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, ги посети најмалите жители на детските градинки „Наша иднина“. Тој им подари новогодишни пакетчиња и заедно со децата се забавуваше, споделувајќи радост,

Артета: Требаше сè да одлучиме многу порано

Фото: ФЦ Арсенал/Твитер Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше пласманот на тимот во полуфиналето на Карабао Купот. „Топџиите“ го победија Кристал Палас на пенали и се пласираа во следната рунда. „Многу

Министерството за финансии: Редовни исплати на плати, субвенции и капитални расходи

Министерството за финансии информира дека трезорот продолжува со редовна исплата на налозите доставени од буџетските корисници до 15 декември 2025 година. Во изминатите неколку денови преку трезорот се реализирани средства за субвенции
Go toTop