Целта на бунтот не беше соборување на руското раководство, вели шефот на „Вагнер“

June 26, 2023
1 min read

Пригожин вели оти неговата платеничка група го почнала бунтот поради неправда, обвинувајќи ја рускската војска за наводен напад на силите на „Вагнер“. Нашиот марш, додаде, беше за да се спречи ликвидација на воената група, а воедно да им покаже на руските власти како навистина требаше да се спроведе специјалната воена операција

Основачот на руската платеничка воена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска за првпат се огласи по бунтот што го организираше во област недалеку од Москва, кој заврши со повлекување на неговите борци.

Во видеопораката објавена на Телеграм, Пригожин вели дека целта на бунтот на неговите војници била да се нагласи неспособноста на руското воено законодавство во војната против Украина и да се избегне уништувањето на групата „Вагнер“, а не да се собори руското раководство.

Eевгениј Пригожин / Фото: EPA/SERGEI ILNITSKY

Тој вели оти неговата платеничка група го почнала бунтот поради неправда, обвинувајќи ја рускската војска за наводен напад на силите на „Вагнер“. Нашиот марш, кажа шефот на „Вагнер“, беше за да се спречи ликвидација на воената група, а воедно да им покаже на руските власти како навистина требаше да се спроведе специјалната воена операција – термин кој Русија го користи за инвазијата на Украина.

„Отидовме да го демонстрираме нашиот протест, а не да ја собориме власта во земјата“,

додаде Пригожин, постојано негирајќи дека тој и неговите сили планираат да ја преземат власта.

Во своето видеообраќање на Телеграм, Пригожин додаде дека неговите војници „не убиле ниту еден руски војник на копно“, туку собориле неколку авиони на Министерството за одбрана откако авионот ги нападнал со проектили.

Видеообраќањето на шефот на „Вагнер“ доаѓа во момент кога руските власти се обидуваат да прикажат дека ситуацијата се нормализира, при што ги откажуваат антитерористичките мерки во Москва и неколку други региони по краткотрајниот бунт на Пригожин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нефер битки во женските спортови

Следно

Дискусија на тема „Од превод до книга – лавиринт со повеќе излези“

Latest from Blog

Бруно напаѓа рекорд: Само уште две асистенции за да ги надмине Анри и Де Брујне

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е на пат да направи неверојатен историски рекорд во Премиер лигата. Имено, Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“ досега оваа сезона има 19

Комерцијална банка, Македонски Телеком и Макпетрол најтргувани; МБИ10 падна за 0,10%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 08.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.936,34 поени, со дневен пад од 0,10%, односно –10,09 поени, додека

„Нож и виљушка на европска чинија“ утре носи целодневна забава во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни
Go toTop