(ВИДЕО) МПЦ ОА, како за ништо досега, се мобилизира за протест против предлог-законите за родова еднаквост и за матична евиденција

June 26, 2023
4 mins read

„Возљубени, секој од нас, но и сите заедно, имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци и како посебност и како сечовечко наследство и предание да го продолжиме и да го оставиме на поколенијата по нас“, вели поглаварот Стефан во специјалното видеообраќање со кое го најавува протестот в четврток

Членката на организацискиот одбор на „Скопје прајд“, Ирена Цветковиќ, и пратеничката во Собранието, Санела Шкријељ, во гостување во „360 степени“ коментираа дека станува збор за демократско право, но реагираа на тоа што МПЦ ОА останала глува и не дала поддршка на барањата на други загрозени групи. Како пример, Цветковиќ го посочи протестот на лицата со попреченост кои кампуваа пред Владата, на кој, како што вели, не видела ниту еден верски лидер

Поглаварот на МПЦ ОА, г. г. Стефан/Фото: Принтскрин

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква Охридска архиепископија (МПЦА ОА) ве повикува на сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.

Радиофоничен глас, со овие зборови, кои се надоврзуваат на снимки од црковни литии и собири на верници во катедралниот храм „Свети Климент Охридски“, во видеопорака објавена денеска, го најавува протестот што за в четврток го организира МПЦ ОА против двата предлог-закони.

Централно место во видеозаписот се обраќањето и пораката што по овој повод ја испраќа поглаварот на Македонската православна црква, г. г. Стефан.

„Возљубени, секој од нас, но и сите заедно имаме света должност она што сме го примиле и наследиле од нашите предци и како посебност и како сечовечко наследство и предание да го продолжиме и да го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа го чуваме не само минатото, туку обезбедуваме и иднина како припадници и на својот народ и на општочовечката заедница. Бранејќи ги и чувајќи ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме своите обврски и кон Бога и кон својот род“,

вели поглаварот на МПЦ ОА во видеообраќањето.

Видеоповикот, кој е со времетраење од една минута и 18 секунди, завршува со денот (четврток), датумот (29 јуни), часот (18 часот) и локацијата (соборниот храм „Свети Климент Охридски“), каде што е закажан протест со пораката „Имаме должност“.

Покрај видеоповикот, објавени се плакати за протестот со идентична содржина: Сенароден собир против Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Хаштагот на најавата за протестот, кој е дел од плакатот гласи: „Имаме должност за спречиме менување на реалноста“.

За организацијата на протестот, Македонската православна црква Охридска архиепископија, првично, преку писмено соопштение информира пред една недела, односно на 20 јуни. Причините за протестот, како што беше наведено, кои можеа да се слушнат и и во обраќањето на г. г. Стефан, се зачувување на достоинството и слободата и заштитата на основните верски права.

Информацијата за одржување на протестот дојде по седница на Синодот на МПЦ ОА, одржана истиот ден – 20 јуни.

„На денешната редовна седница, Светиот Синод на МПЦ ОА изразува особено жалење и загриженост што релевантните институции го игнорирале Соопштението од сите верски заедници, кои претставуваат 95 отсто од населението, и не ги прифатиле сугестиите во однос на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост. Напротив, продолжуваат со постапката во скратена форма за сите собраниски филтри, за целосно носење на овие Закони, за кои уште еднаш апелираме да се повлечат од процедура, бидејќи тие претставуваат сериозна закана за општеството особено за неговата основна клетка – семејството“,

соопштија пред една недела од САС МПЦ ОА.

Од Светиот синод велат дека будно ги следат случувањата и активните притисоци за носењето на овие закони и дека се доведени во ситуација да мора да биде заштитено и одбрането семејството, а пред сѐ децата.

Соопштението на МПЦ ОА дојде во пресрет на „Парадата на гордоста“ која викендов се одржа во Скопје.

Интересни видувања и коментари за најавениот протест на МПЦ ОА искажаа активистката и членка на организацискиот одбор на „Скопје прајд“, Ирена Цветковиќ, и пратеничката во Собранието од мнозинството и членка на интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ-луѓето, Санела Шкријељ, во гостувањето во петочното издание на емисијата „360 степени“.

Двете се со став дека станува збор за демократско право, но потсетуваат и реагираат на тоа што МПЦ ОА останала глува и не дала поддршка на барањата на други загрозени групи во општеството. Како пример, Цветковиќ го посочи протестот на лицата со попреченост кои кампуваа пред Владата, на кој, како што вели, не видела ниту еден од верските лидери да излезе со поддршка.

„Демократско право како и на секој да излегува на протест. Како некоја која е сограѓанка на луѓето коишто ќе одат на тој протест, јас само би кажала се надевам дека со иста жар и посветеност ќе се борат и за други прашања и ќе ги потсетам дека пред само неколку недели, две ако не се лажам, лицата со попреченост кампуваа пред Владата. Јас седев со нив три вечери и не видов ниту еден од верските лидери да дојде и да даде поддршка, а слушнав хорор-приказни за тоа како е да се живее со попреченост и со примања од 5 000 денари месечно.И во таа смисла ги повикувам веќе наредниот ден да излезат и на друга тема“,

вели Цветковиќ за „360 степени“.

Пратеничката Шкријељ реагираше на невистинитите информации кои се лиферуваат во јавноста дека двата предлог-закони се носат по скратена постапка, потсетувајќи дека еден од нив, оној за родова еднаквост уште не е донесен на Влада, додека другиот за матична евиденција е во Собрание во редовна постапка, но оти сè уште не ги поминал парламентарните филтри.

„И јас би рекла дека тоа е демократско право, меѓутоа сметам дека сите општествени чинители имаат одговорност во тоа што комуницираат и како комуницираат со јавноста. Јас го видов соопштението и морам да реагирам на нешто што беше наведено, а тоа е дека има обид двата закона по скратена постапка да се поминат низ собраниските филтри и морам да кажам дека е неточно. Морам да кажам дека предлог-законот за родова еднаквост воопшто не е во процедура, а другиот закон (за матична евиденција) е пуштен во редовна постапка токму за да ги спречиме таквите инсинуации дека некој се обидува набрзина да помине нешто. Исто така, ќе се придружам на тој апел дека треба со подеднаква жар да ги браниме сите, особено ранливите групи во нашето општество и да се застапуваме за унапредување на правата буквално на сите, а не само на тие што одговараат на нашата идеологија“,

вели Шкријељ.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Проблемот со навивањето за Пригожин

Следно

Туркије: Спасени се 35 нерегуларни мигранти потиснати од Грција

Latest from Blog

Фото: Пејачка го заборавила брусхалтерот

 Тејана Тејлор неодамна присуствуваше на престижниот настан „Time100 Next“ во Њујорк, каде што ги шокираше сите присутни со голо издание. За оваа пригода, пејачката и глумица одлучила да облече исклучително провокативна и

Куче усмртило бебе старо девет месеци: Полицајците ја опколиле куќата и затекнале вознемирувачки призори

Бебе старо девет месеци загина откако во неделата, во својот дом во Роџиет, на југоистокот на Велс, било нападнато од куче. Весникот „The Sun“ јавува дека полицајци ја опколиле куќата околу 18

Видео: Во Белград уапсен екс кошаркарот Владимир Штимац

Според медиумите, акцијата ја спровеле припадници на Управата за криминалистичка полиција, а тој е приведен, како што пишува Новости, „под сомнение дека повикувал на насилно уривање на уставниот поредок“. UHAPSEN STIMAC pic.twitter.com/k49tMn8uyC

Јовановски најави нова ера за Кичево: Единство, напредок и одговорност

Новиот градоначалник на Кичево, д-р Александар Јовановски, им се заблагодари на граѓаните за, како што рече, историската победа и покажаното единство на изборите. „Почитуван народе, почитувани кичевчани, драги пријатели и познаници –

Солена пита со спанаќ и сирење

Потребни состојки: 3 чаши брашно и малку за посипување 150 грама путер (ладен) 2 јајца 3 лажици ладна вода 1/2 лажичка сол 1 лажичка сушен босилек (или оригано) За Фил: 300 грама
Go toTop