(ФОТО+ВИДЕО) Почна Парадата на гордоста во Скопје

June 24, 2023
1 min read

Маршот, кој во моментов се случува во центарот на Скопје е проследен со музика, која доаѓа од два камиона. Парадата е под силно полициско обезбедување, а улиците во централното градско подрачје се затворени за сообраќај.

Покрај граѓани и активисти за човекови права, на Парадата присуствуваат и голем број на гости од странство, а настанот го поддржаа и дел од политичарите од власта

Стотици граѓани присуствуваат на овогодинешната Парада на Гордоста, која под мотото „Гласни и горди“ се одржува во Скопје.

Со знамиња на ЛГБТИ заедницата и транспаренти во раце, учесниците околу 19 часот започнаа да се движат низ скопските улици на протестен марш кој започна од скопскиот парк „Жена борец“.

Маршрутата за Парадата е следна: од паркот „Жена-борец“, по улицата Димитрие Чуповски преку Рекорд – улица „Даме Груев“ и булевар „ВМРО“ до крстосницата пред мостот „Гоце Делчев“ – булевар „Илинденска“ покрај Влада – улица Ленинова покрај арена „Тоше Проески“, а крајна дестинација е стадионoт на АРМ, објавија организаторите.

Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк, која ќе се одвива од 20:30 до 01:00 часот.

Маршот е проследен со музика, која доаѓа од два камиона. Парадата е под силно полициско обезбедување, а улиците во центарот на градот се затворени за сообраќај.

Покрај граѓани и активисти за човекови права, на Парадата присуствуваат и голем број на гости од странство, а настанот го поддржаа и дел од политичарите од власта.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ПРЕГЛЕД) Што се случува во Русија

Следно

Пригожин го запре походот кон Москва

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако
Go toTop