Високиот комесаријат за човекови права на ОН го повика Израел да го „запре насилството во Западниот Брег“

June 23, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОН), Фолкер Турк, го повика Израел што поскоро да престане со насилството на окупираниот Западен Брег, известува Анадолу.

„Израел мора итно да ги реорганизира своите политики и активности на Западниот Брег во согласност со меѓународните стандарди за човекови права, вклучително и заштитата и почитувањето на правото на живот“, наведе Турк во писмената изјава што ја објави.

Изјавувајќи дека за да заврши насилството на Западниот Брег потребно е да заврши и окупацијата на тоа подрачје, Турк рече: „Луѓето со политичка моќ од секоја страна го знаат тоа и за да се постигне тоа, потребно е што е можно поскоро да ги преземат неопходните чекори.“

Истакнувајќи дека овонеделното насилство на Западниот Брег „поседува висок ризик да излезе од контрола“, Турк ги критикуваше „неодамнешните смртни случаи и насилство, кои кога ќе се соединат со провокативната реторика, може да послужат само за повлекување на Израелците и Палестинците уште подлабоко во пеколот“.

– Израел предизвикува ескалација на тензиите

Израелската Армија ги засили притисоците и нападите врз окупираниот Западен Брег во последните денови, предизвикувајќи смрт на голем број Палестинци, што предизвика ескалација на тензиите во регионот.

Израелските сили во понеделникот извршија напад врз градот Џенин во северниот дел од Западниот Брег, користејќи голем број оклопни возила, како и хеликоптери од типот „Апачи“. Во нападот животот го загубија 7 Палестинци, од кои 2 деца, а најмалку 66 Палестинци беа повредени. Во судирите се повредени и 7 израелски војници.

По крвавиот напад во Џенин, вчера во близина на бензинска пумпа во илегалната еврејска населба Ели во Западниот Брег, се случи вооружен напад, во кој животот го загубија 4 израелски доселеници.

Околу 700.000 еврејски доселеници живеат во окупираниот Западен Брег и во Источен Кудс (Ерусалим). Според меѓународното право, еврејските населби изградени во Западниот Брег и во Источен Кудс се сметаат за нелегални.

Со крвавите напади на Израел врз Западниот Брег и воздушните напади врз Појасот Газа, кој се наоѓа под блокада, бројот на убиени Палестинци од Нова година досега се зголеми на 175.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕУ го усвои 11-тиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина

Следно

Турските пилоти дел од НАТО-вежбата „Воздушен бранител 2023“ добија пофалби од сојузниците

Latest from Blog

ПСЖ се засили со репрезентативец на Франција!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PSG/ Пари Сен Жермен објави дека го ангажирал францускиот репрезентативец Лукас Дињ (33), кој пристигнува во Париз од Астон Вила. Искусниот лев бек потпиша договор со актуелниот француски и европски шампион до

Драма на Преспанското Езеро, 71-годишен рибар исчезна во водата, го бараат нуркачи од „Тигар“

Седумдесет и едногодишен скопјанец исчезнал вчера во водите на Преспанското Езеро, откако скокнал од чамец за да ги земе веслата кои му паднале во водата. Како што информира МВР, случајот бил пријавен

Дортмунд ги казни грешките на Арсенал и си замина дома со трофеј

ФОТО:.facebook.com/BVB Борусија Дортмунд го победи англискиот шампион Арсенал со 3-2 на домашен терен во пријателски натпревар и со тоа го освои Емирати Купот. Натпреварот на стадионот „Емирати“ започна подобро за гостите, кои

Нетанјаху го отфрла планот на Трамп за Газа

Неговата изјава доаѓа една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп објави значителен напредок во разговорите. Одборот за мир (BoP) на Трамп потоа презентираше нов план од 15 точки, кој треба да воспостави

Без струја делови од Тетово, Теарце и Рогачево

Поради планирани прекини во електро-дистрибутивната мрежа, во понеделник (10 август) без електрична енергија привремено ќе останат делови од Тетово, Теарце и Рогачево. Според најавата, во Рогачево прекинот е планиран од 09:00 до
Go toTop