Столтенберг ги повика Косово и Србија да ги намалат тензиите

June 22, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес ги повика Косово и Србија да ги намалат тензиите и да ги продолжат разговорите со посредство на Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.

Говорејќи на заедничката прес-конференција по неговиот состанок со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, Столтенберг ја потврди непоколебливата посветеност на НАТО на мировната мисија КФОР предводена од НАТО во Косово.

„Го зголемивме нашето присуство и ќе продолжиме да ги преземаме сите неопходни мерки за да обезбедиме безбедна и сигурна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово“, рече тој.

Тој нагласи дека КФОР ја презема својата должност на непристрасен начин во услови на зголемените тензии.

Столтенберг ги повика „сите страни на деескалација“ и ја поздрави средбата на лидерите на Србија и Косово денес во Брисел.

Тој рече дека намалувањето на тензиите е „клучно за безбедноста на Косово и стабилноста во регионот“.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ истакна дека Црна Гора „силно го поддржува“ дијалогот Белград-Приштина со посредство на ЕУ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти се сретнаа со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, поради зголемувањето на тензиите во северно Косово минатиот месец по општинските избори.

НАТО одлучи да распореди уште 700 војници во мисијата на КФОР, откако 30 негови војници беа повредени во немирите.

Меѓународната мировна мисија КФОР е присутна во Косово од 1999 година под мандат на Обединетите нации.

Започнат во 2011 година, дијалогот Белград-Приштина предводен од ЕУ има за цел да ги нормализира односите меѓу двете балкански земји и да најде заемно прифатливо решение за споровите во рамките на правно-обврзувачки договор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Огромната американска операција да се заштити Лула

Следно

ЕУ со предупредување: Глобалното затоплување може да предизвика раст на болестите што ги пренесуваат комарците

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop