Трка со времето: На персоналот во подморницата му останаа уште неколку часа кислород

June 22, 2023
1 min read

БОСТОН (АА) – Продолжува потрагата по подморницата што исчезна на 18 јуни додека спушташе луѓе до остатоците на потонатиот брод „Титаник“, јавува Анадолу.

Канадски авион за претрага вчера откри звуци за кои се мисли дека би можело да доаѓаат од подморницата. Потоа спасувачките тимови на американската крајбрежна стража ги засилија своите активности, со цел пронаоѓање на подморницата.

За да ја пронајдат подморницата, за која се смета дека е на длабочина од околу 4 километри, спасувачките тимови со специјални уреди скенираат големо подрачје на дното на океанот.

Подрачјето на кое се пронајдени остатоците на „Титаник“ е многу мрачно. На персоналот во подморницата му останал кислород за само уште неколку часа.

Во регионот се наоѓаат тимови за пребарување и спасување од САД, Канада и Франција.

Во подморницата се британскиот милијардер Хемиш Хардинг, кој ја поседува „Action Aviation“, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулејман Давуд, францускиот управувач со подморници Пол Хенри Наргеолет и Стоктон Раш, основач и извршен директор на OceanGatea, кој ја поседува подморницата и организира мисии.

Осумдневниот билет за обиколка, кој вклучува нуркање за да може да се видат остатоците од „Титаник“, во подморницата чини 250.000 долари.

Остатоците од потонатиот „Титаник“ се наоѓаат во северниот дел на Атлантскиот Океан, на околу 3,7 километри под површината на океанот.

„Титаник“ на 10 април 1912 година тргна на своето прво прекуокеанско патување од пристаништето Саутхемптон кон Њујорк. Капетанот Едвард Џон Смит тогаш намерно тргнал по пократка траса, посеверно од пропишаната маршрута, занемарувајќи ја опасноста од судар со ледени санти.

Само четири дена подоцна „Титаник“ удри во санта мраз, која го преполови бродот на два дела и го потопи два часа подоцна. Потонувањето на бродот „Титаник“ пред 105 години се смета за најголем бродолом во модерната историја.

Од 2.224 патници и членови на персоналот што се наоѓале на „Титаник’, несреќата во ладните води на Атлантскиот Океан ја преживеаја 710 лица, додека животот го загубија повеќе од 1.500.

Остатоците од потонатиот „Титаник“ на дното на Атлантскиот Океан на оддалеченост од 645 километри од Њуфаундленд ги пронајде морепловецот Робер Балард во 1985 година.

Во периодот од 1987 до 2004 година нуркачките екипи од остатоците на бродот извадија голем број предмети што денес на светските аукции достигнуваат неверојатно високи суми.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кличко ја има сериозно спукано со Зеленски

Следно

Димитриевски е чекор поблиску до Реал Мадрид!

Latest from Blog

Израел: Убивме неколку вооружени терористи во Сирија

„Вчера, воените сили елиминираа неколку вооружени терористи во безбедносната зона на југот на Сирија“, се вели во соопштението на армијата, додавајќи дека тие ќе „продолжат“ да дејствуваат таму „и да елиминираат каква

Муцунски од Дубровник: Не постои „северномакедонски“ народ, целта ни е успешно да ги завршиме преговорите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the
Go toTop