Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

January 17, 2023
1 min read

Европската комисија наскоро ќе предложи два нацрт-закони поврзани со борбата против корупцијата, најави на дебатата, посветена на корупцијата помеѓу европратениците во Европскиот парламент, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

-Новото законодавство ќе обезбеди јасна дефиниција за корупцијата и ќе воведе униформни казни во ЕУ за ова кривично дело. Ќе бидеме максимално строги, ќе им ги дадеме на полицијата и на судовите алатките што им се потребни за да се искорени корупцијата, додаде Јохансон.

Таа посочи дека вториот предлог-закон ќе биде да се расветли прикриеното странско влијание, сомнителните странски финансирања и странските организации кои суптилно влијаат на јавното мислење и ја поткопуваат демократијата.

-Корупцијата е сериозно кривично дело, повеќе од половина од криминалните организации се поврзани со коруптивни активности. Корупцијата купува луѓе, политичари и моќ, наведе Јохансон.

Таа истакна дека Обвинителството на ЕУ во првите седум месеци од почетокот на својата активност започна истрага за сомнежи за измама со вкупно пет милијарди евра од европскиот буџет. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен поддржува иранската гарда да се најде на списокот терористички организации

Следно

Бејта: Груби е тенеќе, не се мери со карати

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила
Go toTop