Први знаци на надеж во потрагата по исчезната подморница: Канадски авион детектирал подводни звуци

June 21, 2023
2 mins read

Според американската крајбрежна стража канадскиот авион регистрирал звуци на удари во интервали од 30 минути во областа на пребарување кои наведуваат на потенцијална надеж за преживеани

Кратко по полноќ, по локално време на канадскиот остров Њуфаундленд, се појавиле првите извештаи кои упатуваат на потенцијални знаци на надеж во потрагата по подморницата „Титан“ за обиколка на остатоците на бродот „Титаник“, која со петчлен екипаж пред три дена исчезна во водите на северниот Атлантик.

Подморницата „Титан“ на компанијата „Оушн експедишнс“/Фото: „Оушн експедишнс“

Два американски медиуми објавија протечени извештаи испратени до Министерството за внатрешна безбедност на САД, според кои канадски авион детектирал подводни звуци на удари во интервали од 30 минути кои доаѓале од областа каде американски и кандаски спасувачки екипи трагаат по исчезната подморница.

„П8 (поморското летало) регистрираше звуци на удирање во областа на секои 30 минути. Четири часа подоцна беше распореден дополнителен сонар и сè уште се слушаше удирање“, пишува списанието „Ролинг стоун“

пренесува Би-би-си.

Во меѓувреме и американската телевизија објави информација за детектираните подводни звуци.

„Се слушнаа дополнителни акустични повратни информации кои ќе помогнат во векторирање на површинските средства и исто така укажуваат на надеж за преживеани“,

се вели извештајот на Си-ен-ен.

Еден час по пишувањето на медиумите американската крајбрежна стража утрово соопшти дека канадски авион открил подводни звуци во потрагата по подморницата.

По ова дошло до преместување на масовната операција за пронаоѓање на подморницата, која во неделата по локално време изгуби контакт со нејзиниот матичен брод „Полар Принц“ (Polar Prince), еден час и 45 минути откако зарони на дното на Атлантскиот океан.

Досегашната потрагата не даде резултати, а како што беше кажано на прес-конференција вчера вечер екипажот на малата подморница има резерви на кислород за уште 40 часа.

Спасувачките екипи се во трка со времето, бидејќи дури и во најдобри околности пдоморницата може да остане без кислород во четврток наутро, наведува Асошиејтед прес (АП).

Покрај флотата од меѓународни бродови и авиони, во потрагата е вклучен и подводен робот, кој врши пребарување во близина на остатоците на потонатиот брод „Титаник“. Исто така се прават напори да се донесе спасувачка опрема на местото во случај подморницата да биде пронајдена.

Капетанот Џејми Фредерик од американската крајбрежна стража на прес-конференција ден претходно изјави дека нивните мисли и молитви се со семејствата на петте членови на екипажот на подморницата „Титан“ и дека тимовите, вклучително и крајбрежната стража на САД, американската морнарица и Канада, работат без престан.

Тој изјави дека спасувачките екипи пребарале површина од над 19 000 квадратни километри.

Според информациите кои семејството ги објави на мрежите, меѓу патниците се и британскиот милијардер и авантурист Хамиш Хардинг и пакистанскиот претприемач Шахзада Давуд со неговиот син Сулејман.

Експедицијата до остатоците на „Титаник“ ја организираше компанијата „Оушнгејт експедишнс“, која е со седиште во САД и која наплаѓа по 250 000 делари за своите патувања.

За каква подморница станува збор

Како што ја опиша британскиот национален сервис, станува збор за подморница за пет лица, која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. 

Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди животна поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од три јазли – околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час. 

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина.

Опремена е со интегрирана платформа од која подморницата се лансира и се враќа пред и по секое нуркање.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Северна Кореја: Посетата на Блинкен на Кина е срамно просјачко патување на провокатор

Следно

Јубилеен 200-ти настап за Роналдо за Португалија прославен со гол

Latest from Blog

Ахмети: Пописот беше во рамките на договорите – ВЛЕН обвинува за пазарење со дијаспората

Одговарајќи на обвинувањата на коалицијата ВЛЕН дека за време на пописот на населението во 2021 година, ДУИ прифатила поделба на граѓаните во две категории – резиденти и нерезиденти – лидерот на интегративците,

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека следната недела ќе го посети Вашингтон на разговори со американските претставници, јавува Анадолу. „Се очекува следната недела да заминам на средби во
Go toTop