Украина: За време на двонеделната офанзива вратени се осум населени места

June 19, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Ана Маљар, заменик-министерка за одбрана на Украина, извести дека бројот на населени места ослободени за време на двонеделната офанзивна операција на јужниот фронт е зголемен на осум, јавува Анадолија.

Таа преку својот профил на социјалните мрежи соопшти дека украинската Армија извршила и офанзивни и одбранбени операции минатата недела.

Наведувајќи дека Русите распоредиле дополнителни трупи на исток за да го запрат напредувањето на украинските сили во правец на Бахмут, Маљар рече:

„Интензитетот на судирите во оваа насока се намали минатата недела, но судирите продолжија. Се случија вкупно 41 судир и нашите војници напредуваа во неколку области.“

Истакнувајќи дека минатонеделниот напад се случил во неколку правци на јужниот фронт, Маљар додаде:

„За време на двонеделните офанзивни операции во правец на Бердјанск и Мелитопол, одбранбените сили на Таврија ослободија вкупно осум населени места, и тоа Новодаривка, Левадна, Сторојве, Макаривка, Благодатне, Лобково, Нескучна и Пјатихатка. Нашите трупи напредуваат осум километри. Повратената копнена површина изнесува 113 километри квадратни.“

Во соопштението на Генералштабот на Украина се наведува дека во последните 24 часа Русите извршиле 59 воздушни напади врз позиции и населби на украинските војници, а над 100 проектили биле истрелани од противвоздушната одбрана и тенковските ракетни системи.

Се наведува дека се убиени и ранети цивили, вклучувајќи и деца, оштетена е инфраструктурата и уништени се повеќе од 20 училишта и куќи.

Украинските воздухопловни сили во последните 24 часа 10 пати ги бомбардираа областите каде што се концентрирани Русите.

„Нашите војници уништија непријателски хеликоптер Ка-52, три беспилотни летала Шахед и седум извидувачки беспилотни летала“, се вели во соопштението.

Се наведува и дека украинските ракетни и артилериски единици погодиле два руски командни центри, четири противтенковски ракетни системи, две подрачја каде што биле концентрирани војници и опрема и две складишта за муниција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД „длабоко вознемирени“ од израелските планови за над 4.000 нови домови на Западниот Брег

Следно

Во МКЦ промоција на фотомонографијата „Огледало во Македонија“ од Нил Фолберг

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop