Арапската лига не најде никаков геноцид на Ујгурите во Кина

June 19, 2023
1 min read

„За време на нивната посета, делегацијата патуваше во Урумѓи и Кашгар, каде посетија џамии, исламски институти, локални компании, стари градови и изложби за анти-тероризам и дерадикализација, тие учествуваа на молитви во џамии со локалците и од прва рака се уверија во нивниот среќен живот.

Арапските држави нè пофалија за грижата што ја водиме за муслиманите во Синѓанг а луѓето од другите етнички малцински групи добија и ја изразија својата поддршка за кинеските напори за промовирање на развојот на Синѓанг и обезбедувањето на неговата стабилност,“ изјавил портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Венбин.

Тој порачал дека делегацијата на Арапската лига со свои очи видела што се случува во Синѓанг и дека „вистината секогаш ќе преовлада“ без разлика на намерите на оние „што сакаат да и наштетат на Кина со манипулирање со прашањата поврзани со Синѓанг.“

Кинеските медиуми за посетата пренесоа дека претставниците на Арапската лига ги пофалиле кинеските достигнувања во почитувањето на човековите права, посебно во борбата против тероризмот во регионот и дека го глобала сфатиле дека состојбата во Синѓанг е спротивна на она што се известува во западните медиуми. Со заклучокот на кинеските државни медиуми не се согласува американската државна радио мрежа, Гласот на Америка, и експерти од Вашингтон според кои во основа посетата на Арапската лига на Кина е срамна.

Деновиве Ши го угости и палестинскиот претседател, Махмуд Абас, а една од главните пораки на средбата беше дека Кина ја поддржува „праведната кауза“ Палестина да добие статус на држава.

Во декември, Ши патуваше во Саудиска Арабија на првиот кинеско-арапски самит, каде се сретна и со престолонаследникот, МБС, а во февруари годинава, прв пат по 30 години, иранскиот претседател дојде во посета на Кина.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„КАЈМАК“ СО ПРЕМИЕРА ВО ДАНСКА, ПОДДРШКА ОД АЛБАНИЈА ЗА „БИСТА“, АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ГИ БЛОКИРАШЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА МАНЧЕВСКИ ВО МАКЕДОНИЈА

Следно

САД „длабоко вознемирени“ од израелските планови за над 4.000 нови домови на Западниот Брег

Latest from Blog

ВЛЕН: Албанската дијаспора во САД е клучен потенцијал за соработка

Политичката партија ВЛЕН соопшти дека е потребно дополнително зајакнување на врските со албанската дијаспора во САД и со американските институции. Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, за време на посетата на Њујорк присуствувал

Меѓународниот кривичен суд презема мерки за заштита од можните санкции од САД

„Направивме големи напори за да осигуриме дека судот е заштитен од последиците од какви било потенцијални идни санкции“, рече Кан, според „Фајненшл тајмс“ (FT). Таа рече дека судот реорганизирал многу од своите

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една
Go toTop