Блинкен се состана со највисокиот кинески дипломат, неизвесно е дали ќе се сретне и со Си Ѓинпинг

June 19, 2023
1 min read

Највисокиот кинески дипломат Ванг Џи, како што јавуваат тамошните државни медиуми, изјавил дека односите меѓу двете земји се на најниско ниво поради погрешните перцепции на САД за Кина. Нагласил дека двете земји мора да изберат меѓу „соработка или конфликт“

На почетокот од вториот и последен ден од својата посетата на Пекинг, американскиот државен секретар Ентони Блинкен се сретна со највисокиот кинески дипломат Ванг Џи. Посетата на Блинкен има за цел да обезбеди многуте несогласувања меѓу стратегиските ривали да не се претворат во конфликт.

Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/YURI GRIPAS

Кинескиот дипломат Ванг Џи, како што јавуваат тамошните државни медиуми, изјавил дека односите меѓу двете земји се на најниско ниво поради погрешните перцепции на САД за Кина.

Нагласил дека двете земји мора да изберат меѓу „соработка или конфликт“.

„Неопходно е да се направи избор меѓу дијалог и конфронтација, соработка или конфликт. Мораме да ја смениме надолната спирала на односите меѓу САД и Кина“,

изјавил Ванг Џи за време на состанокот со Блинкен во Пекинг, пренесоа кинеските државни медиуми.

Блинкен, кој е во Кина втор ден по ред, претходно се сретна и со министерот за надворешни работи Чин Ганг, со кого разговараше речиси шест часа, потврдувајќи ја согласноста за продолжување на разговорите на високо ниво.

Двете страни потврдија дека Чин ја прифатил поканата на Блинкен да го посети Вашингтон, но Пекинг јасно стави до знаење дека кинеско-американските односи се на најниската точка од воспоставувањето, а истиот став го делат и американските власти.

Останува нејасно дали Блинкен ќе се сретне со кинескиот лидер Си Ѓинпинг.

Блинкен е во официјална посета на Кина – прва на висок американски функционер по речиси пет години.

Посетата беше планирана за февруари годинава, но беше одложена откако САД соопштија дека откриле, а подоцна и собориле кинески шпионски балон. Целта на посетата, како што соопштија американските власти, е повторно воспоставување на комуникација на високо ниво и стабилизирање на односите меѓу САД и Кина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пенс: Судењето на Трамп испраќа „ужасна порака“ до светот за САД

Следно

„КАЈМАК“ СО ПРЕМИЕРА ВО ДАНСКА, ПОДДРШКА ОД АЛБАНИЈА ЗА „БИСТА“, АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ГИ БЛОКИРАШЕ ДВАТА ПРОЕКТА НА МАНЧЕВСКИ ВО МАКЕДОНИЈА

Latest from Blog

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но мора да има повеќе ред, планирање и предвидливост

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ја отвори петтата Годишна соларна конференција, во организација на Македонската соларна асоцијација – Солар Македонија, која ги обединува компаниите, инвеститорите и експертите од

Божиновска: Благодарност за искрената и конструктивна соработка со амбасадорот Лосон

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, остварила проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во Македонија. Божиновска му се

Хавиер Агуире е нов тренер на Валенсија

Хавиер Агуире и официјално е нов тренер на Валенсија. Шпанскиот клуб денеска ја потврди информацијата која во изминатите денови беше најавувана, па искусниот мексикански стратег повторно се враќа на тренерската работа во
Go toTop