Парични казни за лицата кои ќе одбијат да дадат податоци на пописот во Албанија

June 18, 2023
1 min read

„Доколку граѓанин одбие да биде попишан, предвидени се казни од 470 до 940 евра“, соопшти албанскиот Институт за статистика

Се финализираат подготовките за пописот на населението и домаќинствата на целата територија на Албанија, што ќе почне на 18 септември, потврди директорката на албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ), Елса Дули.

Таа додаде дека за оваа статистичка операција ќе бидат ангажирани околу 7 000 попишувачи, за што во тек е јавен повик, и оти вкупните трошоци за реализација на пописот се очекува да достигнат 16,9 милиони евра.

„Попишувачите ќе одат во секој дом и ќе ги пополнуваат формуларите со одговори што ќе ги даваат граѓаните. Ќе се користи современата техника со таблети, со што ќе се намали времето за информирање од терен до центарот. Се ќе се внесува во таблетите а тоа ќе може да го види и попишаното лице. Доколку граѓанин одбие да биде дел од пописот односно одбие да биде попишан, предвидени се казни од 50 до 100 000 леки (од 470 до 940 евра)“,

наведе Дули.

Според неа, сите жители во Република Албанија, врз основа на Законот за попис, се обврзани да одговорат на прашањата од формуларот, со исклучок на три прашања поврзани со етничката и верска припадност и мајчиниот јазик кои се по избор на граѓанинот, дали ќе сака да одговори или не.

Првиот попис во Албанија е спроведен во 1923 година, а годинешниот ќе биде 12-ти по ред и ќе трае шест недели.

Последниот попис во земјата беше спроведен во 2011 година. Планираниот за 2021 беше одложен поради пандемијата со ковид-19, а минатата година беше пролонгиран бидејќи не биле обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО) Првични резулати од референдумот: Швајцарците се изјаснија за нулта емисии гасови до 2050 година

Следно

Богата програма на Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop