Спротивставените страни во Судан договорија тридневен прекин на огнот

June 18, 2023
1 min read

РИЈАД (АА) – Суданската војска и паравоената група Сили за брза поддршка потпишаа договор за прекин на огнот во траење од 72 часа, соопшти Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија, известува Анадолу.

Договорот стапи во сила денес во 6 часот по локално време.

Страните ќе избегнуваат користење на борбени авиони и беспилотни летала, артилериски оган и какви било активности за воено снабдување во текот на прекинот на огнот, а во исто време ќе ги олеснат напорите за давање хуманитарна помош.

Судан од средината на април се наоѓа во воен судир меѓу војската и паравоената група Сили за брза поддршка. Речиси 1.000 цивили загинаа, а илјадници се ранети во насилството спроведено во изминатиот период.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) проценува дека над 2,2 милиони луѓе се раселени поради тековните судири во Судан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Состојбата со водостоите на реките се смирува откако престанаа врнежите

Следно

(ВИДЕО) Во пукање пред трговски центар во Илиноис повредени повеќе од 20 лица

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop