Мора да бидеме крајно внимателни за да избегнеме модел што би наликувал на Република Српска, вели Османи

June 17, 2023
2 mins read

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска во изјава за „Дојче веле“ истакна дека Приштина е подготвена да направи повеќе за етничките Срби да се чувствуваат рамноправни, но кога станува збор за имплементирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО), мора да се биде внимателен бидејќи, според неа, тоа не би смеело да наликува на Република Српска.

Според Османи, ваквите евентуални творби би биле опасни за регионот, но и за цела Европа и затоа треба да се работи на модел кој би бил прифатлив за сите страни подеднакво. Кога станува збор за одржување на избори на северниот дел од земјата, таа вели дека Косово е подготвено да организира избори веднаш, со предуслов во нив да земат учество етничките Срби

“Побаравме поддршка од нашите партнери за да обезбедиме Србија да не се меша незаконски во изборите на друга земја, како што направи минатиот пат, и да не врши притисок врз косовските Срби да не учествуваат, но досега не сме добиле одговор“

кажа Османи.

Османи изјави и дека косовските власти им предложиле на КФОР и на ЕУлекс да направат заедничка безбедносна проценка за повлекување на косовската полиција од северот на државата, но истакна и дека треба да продолжат заедничките напори за да се пронајдат оние што извршија насилство врз војниците на КФОР.

За влошувањето на ситуацијата во доминантно српските општини, Османи вели дека виновникот е Србија, а претседателот Вучиќ се враќа на стара стратегија блокирајќи го напредокот на земјата. Таа ја критикуваше меѓународната заедница што не реагира на, како што рече, кршењето на договорите извршени од Србија.

„Во последните два месеца, од 18 март, кога беше склучен договорот, континуирано има прекршувања, но никогаш не слушнавме изјава од европските земји. Мислам дека ова ја охрабрува Србија да не се грижи за тој процес и го поткопува кредибилитетот на процесот на дијалог“,

рече Османи.

Од друга страна, пак, денеска директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, кажа дека синоќа во северниот дел на Митровица имало вистинска воена опсада и дека косовскиот премиер Албин Курти наместо да работи на намалување на тензиите, работел на предизвикување војна. Под вакви околности, според Петковиќ, Белград не гледа како може да продолжи понатамошниот дијалог за деескалација.

„Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила, го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки. Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидоа да уапсат неколкумина“,

рече Петковиќ.

Тој рече дека косовскиот премиер константно провоцира, сакајќи да започне нов конфликт и војна. За барањата на САД и на Велика Британија да се ослободат косовските полицајци што пред неколку дена беа уапсени на територија на Србија, Петковиќ вели дека барањето е шокантно бидејќи сите говорат за нивно ослободување, но не и за ослободувањето на Србите во Косово.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ново издание на 360°: ДУИ и две крила на СДСМ во битка за превласт во Судскиот совет?

Следно

Реал Мадрид има план: Мбапе во јануари на „Сантијаго Бернабе“

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop