Две лица загинаа, а 13 се повредени во автобуска несреќа во Требиње

June 17, 2023
1 min read

Две лица загинаа а 13 се повредени откако автобус од Бања лука кој превезувал просветни работници на излет, се забил во ѕид на влезот на Требиње.

Несреќата се случила утринава околу 6:40 ч. а автобусот најпрвин удрил во десната страна на брдото, а како резултат на огромната сила по импактот, излетал и се забил во камениот ѕид на куќа. На местото на несреќата загинале возачот на автобусот и еден од патниците, додека пак повредените се пренесени во болницата и сите се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.

Ортопедот Владо Рашевиќ потврди дека пациентите се примени, и кажа дека од 13 повредени, само три лица се со потешки повреди

„Три пациенти се со тешки телесни повреди, а од нив еден е згрижен на интензивна нега и тој се здоби со повреди на десната бутна коска, додека пак другите двајца имаат скршеници на колкот односно градни пршлени“,

изјави д-р Рашевиќ.

Босанската полиција ќе испитува дали станува збор за возачка грешка или пак техничка неисправност на возилото.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Костадиновска- Стојчевска: Моја Битола била и останува еден од највлијателните театарски центри во земјава

Следно

Анчелоти го сака Лаутаро Мартинез на „Бернабеу“

Latest from Blog

Трамп најави отворање на воена база во Полска: Одлична вест!

Во објавата, Трамп ја пофали соработката со полскиот претседател Карол Навроцки. „ОДЛИЧНИ ВЕСТИ! Благодарение на храброто водство на мојот пријател, полскиот претседател Карол Навроцки, постигнат е голем напредок кон воспоставување американска воена

Protestuesit nisin të mblidhen para Qeverisë

Qytetarë të shumtë kanë nisur të mblidhen edhe sonte në sheshin “Skënderbeu” në Prishtinë, për të protestuar pas vendimit të Gjykatës Speciale në Hagë për dënimin e ish-krerëve të Ushtrisë Çlirimtare të
Go toTop