Борбата на Украина со Западот

June 16, 2023
1 min read

Проблемот на Украинците е дека неисполнувањето на очекувањата што ги има Западот би значеле проблеми во продолжување и обновување на воената помош. Згора на ова процената е дека ако на Русија не и се зададе одлучувачки удар се зголемува ризикот од замореност на Западот со војната, празнење на воените резерви и ерозија на единството, посебно што држави како Кина и Бразил веќе со месеци ги туркаат своите мировни планови.

И САД како најголем сојузник на Украина, кој постојано повторува дека ќе ја поддржува колку и да треба, на почетокот од годинава го предупреди Киев дека што е можно побрзо треба да има напредок на фронтот, додека американско и европско оружје се уште пристигнува во изобилие.

На Украинците над глава им одбројува и датумот на следните претседателски избори во САД чиј исход може да не биде во нивна корист, додека на последните средби со луѓе од Стејт департментот, Украинците добиле порака дека ветувања за идни пратки на оружја ќе паузираат некое време „прво да видиме како ќе пројде контраофанзивата.“

Вон неизвесноста со воената поддршка, Полска како еден од најголемите сојузници на Украина покажува се помало трпение за милионите украински бегалци на своја територија, па според истражување на Универзитетот на Варшава, во последниве 5 месеци поддршката за помош на украинските бегалци во земјата паднала од 49 на 28 проценти.

„Зеленски изминативе недели имаше многу за балансирање, од една страна одржувајќи ја веројатноста за одлучувачки удар против Русите како би се задржала западната доверба и оптимизам и би се продолжил приливот на опрема и оружје, додека во исто време да нагласи дека контраофанзивата најверојатно нема да го постигне неверојатниот успех на есенската офанзива на Киев,“ пишува Џејми Детмер во текстот за Политико.

Колку што есенската офанзива и помогна на Украина дополнително да го придобие Западот, толку и одмогна околу реалните очекувања од пролетната контраофанзива.

Земјата иако е свесна за стравот на Западот од продолжена војна, таа во исто време не сака да избрза и донесе погрешни одлуки кои би го поткопале моралот и надежите на Западот.

Со претпазливиот пристап на Украинците се согласуваат и американски експерти според кои Киев до буква ја следел стратегијата на постепено уништување на руските формации и освојување територија, додека се избегнуваат сопствени жртви.

„Офанзивата очигледно почна, но не и главниот напад. Кога ќе видиме големи, оклопни единици како се приклучуваат на нападот, тогаш мислам дека ќе знаеме дека главниот напад навистина е започнат,“ напиша поранешниот командант на американската армија во Европа, Бен Хоџес.

Процената на Џек Ватлинг од РУСИ е дека Украинците се уште ги бараат слабите точки во руската одбрана, а кога тие ќе се појават, тогаш најважна ќе биде брзината „и офанзивата или ќе постигне пробивање или ќе пропадне.“ Тогаш прашањето ќе биде дали Украина ќе може доволно брзо да ги спроведе своите сили низ пробиените точки.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

19. Регионална ПЕН конференција од денеска во Отешево

Следно

За Милошоски резолуцијата на Бундестагот е заслуга на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ го потсети дека нејзината сестринска партија гласаше против

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop