ЕУ планира измени на легислативата за да се избегне недостиг на лекови

January 17, 2023
1 min read

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, денеска на седницата на Европскиот парламент изјави дека со измените на фармацевтскиот закон во ЕУ ќе биде предвидена набавка на поголемо количество лекови и порано известување за недостиг.

„Нашата цел останува да обезбедиме пристап до лекови за сите пациенти на кои им се потребни, како и да избегнеме какво било нарушување на пазарот на лекови во ЕУ“, рече Киријакидес, алудирајќи на недостигот на антибиотици што е се поголем проблем за многу европски земји.

„Раниот пораст на респираторните инфекции во Европа оваа зима и недоволниот капацитет се главните причини за недостигот“, рече Киријакидес, додавајќи дека ЕУ ги применува сите регулаторни опции за да го зголеми производството на лекови и да го ублажи недостигот.

Таа додаде дека предлогот за ревизија на законот за фармација е планиран за март.

Во 26 европски земји е забележан недостиг на антибиотици, соопшти Европската агенција за лекови.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Расчистен случајот со заканата кон вработени на Канал 5

Следно

Цените во Црна Гора за година дена зголемени за 13 проценти

Latest from Blog

„Луфтханза“ размислува за откажување на 100 домашни летови поради високите даноци во Германија

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ би можела да намали околу 100 домашни летови неделно следното лето, бидејќи зголемените даноци и аеродромски такси влијаат врз профитабилноста, изјави денес извршниот директор на авиокомпанијата, Карстен Шпор. „Без

Европската Унија ја потврди успешната реализација на дигиталните реформи во Македонија

Министерството за дигитална трансформација ја поздравува одлуката на Европската комисија за одобрување на второто ослободување средства за Република Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во вкупен

Американско-Балканската Трговска Комора со ексклузивен настан во Њујорк во рамките на UNGA80

Во рамките на 80тото Генерално собрание на Обединетите нации (UNGA80), во Њујорк се одржа ексклузивен настан во организација на Американско-Балканската Трговска Комора, кој собра влијателни гости од политичкиот, дипломатскиот и бизнис светот.

Во Велес гласаат 69 болни и немоќни лица

Избирачките одбори на ОИК Велес денеска ќе ги посетат домовите на 69 болни и немоќни граѓани, а кои припаѓаат на 33 избирачки места. Гласањето на овие наши сограѓани е во рамките на
Go toTop