Албанскиот претседател бара ослободување на тројцата косовски полицајци

June 15, 2023
1 min read

Најостро го осудувам овој чин и апелирам до српските власти да ги ослободат косовските војници

Албанскиот претседател Бајрам Бегај повика на ослободување на косовските гранични полицајци кои вчера беа уапсени од српската полиција.

Бегај ова го оценува како сериозен провокативен настан кој има за цел да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион.

„Најостро го осудувам овој чин и апелирам до српските власти да ги ослободат косовските војници. Ги повикувам и меѓународните партнери да интервенираат и да обесхрабрат други слични акции“,

пишува Бегај во реакцијата објавена на Твитер и на Фејсбук.

Шефот на албанската држава го повика Косово да не потпаѓа на провокации, туку да придонесе за намалување на тензиите.

„Повторно упатувам братски повик до косовските власти да не потпаѓаат на провокации и да придонесат за деескалација на ситуацијата. Координацијата со САД и со ЕУ за враќање на преговарачката маса е многу важна“,

вели Бегај.

Синоќа реагираше и албанскиот премиер Еди Рама кој наведе дека го чекаат ставот на КФОР, кој го истражува случајот и оти неговата земја стои на ставот за итна деескалација. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија ќе плати отштета од 1,4 милијарди долари за преживеаните од холокаустот

Следно

Модриќ: Освојувањето на првиот трофеј во историјата на хрватската репрезентација ќе биде остварување на сонот

Latest from Blog

Во првиот меч по ерата на Лео Меси, Аргентина победи убедливо со 4:0 (Видео)

Репрезентацијата на Аргентина убедливо со 4:0 славеше над Боливија во пријателски меч одигран во Кордоба. Овој натпревар има посебно значење, затоа што е прв за Аргентина откако легендарниот Лионел Меси рече дека

НОВА ЗАКАНА – Захарова: „Ова се нашите воени цели во Европа“

Фабриките во Европа што произведуваат оружје за Украина се потенцијални воени цели за Русија, изјави во среда портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. Захарова на прес-конференцијата изјави дека европските
Go toTop