Калифорнија ја криминализира родителската љубов

June 15, 2023
1 min read

Калифорнија е на пат да стане првата транс дистопија во светот. Предлог-законот кој моментално се наоѓа пред тамошниот сенат вели дека родителите кои не го „афирмираат“ родовиот идентитет на своето дете, треба да се класифицираат како сурови/навредливи (abusing).

И уште нешто, во битките за старателство судиите двапати да размислат пред да му доделат старателство на наводно суров родител кој одбива да прифати дека неговото или нејзиното дете го сменило полот,  или станало небинарно, или што и да е. Тоа било од суштинско значење за „здравјето, безбедноста и благосостојбата на детето“, се вели во законот.

Да го преведеме ова на разбирлив јазик: ако вашиот седумгодишен син ви каже дека е девојче, а вие веднаш не го третирате како девојче, може да го изгубите. Тој може да ви биде одземен. Ако вашата 11-годишна ќерка ви каже дека не сака да помине низ пубертетот, а вие сепак ја натерате да помине низ него, може да бидете означени како „сурови“.

А што ако вашиот тинејџер каже дека сега е полудевојка, која користи заменки ze/zir? Ништо. Тоа е легитимен идентитет во шано-мано светот на родовата идеологија.

Предлог-законот кој е „насочен кон заштита на ЛГБТКју+ младите“, вели дека „ги охрабрува родителите да го потврдат родовиот идентитет на своето дете“. Во овој контекст, „охрабрување“ е баш лигав еуфемизам. Кога државата се заканува дека ќе ја искористи својата монополска моќ да ви ги одземе децата, тоа а повеќе од „охрабрување“. Тоа е терање.

„Тоа е присилување да се поклоните пред ексцентричните диктати на родовата религија, заканувајќи се дека ќе го растури вашето семејство ако не го направите тоа“, пишува Брендан О’Нил.

Тој предупредува дека доколку биде усвоен, законот суштински ќе го редефинира семејниот живот во Калифорнија. Би ги уништил правата на родителите. Нивните права своите деца да ги сакаат, да се грижат за нив, да ги социјализираат најдобро што знаат и умеат – ќе бидат целосно зависни од нивното прифаќање на новата државна религија. Како да е закон за присилно религиозно преобратување. Родител што ќе пружи отпор ќе биде третиран како морално пониска страна на рочиштата за старателство.

„Вашето седумгодишно дете, кое веројатно одвеме-навреме се прашува дали е вонземјанин, ќе има моќ да го преориентира семејниот живот околу неговите/нејзините инфантилни полови фантазии. Знаејќи дека овој предлог-закон постои, дека им дава правна тежина на детските заблуди и дека се заканува да ги казни родовите еретици со одземање на нивните деца, ќе ја уништи самодовербата на родителите во Калифорнија. Отсега тие на прсти ќе газат во сопствените домови“, пишува О’Нил.

Вака тоа почнува.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Започна проектот „УГД – Чекор кон светот“ во кој се вклучени актуелни и идни студенти на Катедарата за современ танц

Следно

Германија ќе плати отштета од 1,4 милијарди долари за преживеаните од холокаустот

Latest from Blog

НАД МИЛИОН ЛУЃЕ НА ПОГРЕБОТ НА САИФ АЛ ИСЛАМ ГАДАФИ, силен одговор против насилството и “арапската пролет“ (ФОТО)

Повеќе од 1.000.000 луѓе присуствуваа на погребот на Саиф ал-Ислам Гадафи, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, мавтајќи со зелени знамиња, симбол на владеењето на неговиот татко, објави „Ле Фигаро“. Саиф

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската
Go toTop