Убиениот во синоќешното пукање во Приштина е македонски државјанин

June 15, 2023
1 min read

Косовската полиција објави дека мажот – државјанин на Република Северна Македонија бил пронајден мртов во автомобил со македонски таблици, а на еден километар оттаму е пронајдено запалено возило со германски таблички. Во запаленото возило се најдени два калашникови со кои се претпоставува дека е извршено убиството

Убиениот во синоќешното пукање во Приштина е македонски државјанин, потврди косовската полиција.

Во соопштението на полицијата на Косово се додава оти мажот бил пронајден во возило со македонски регистарски ознаки, а на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички. Во запаленото возило се пронајдени два калашникови со кои се претпоставува дека е извршено убиството на македонскиот државјанин.

Полицијата засега нема информации за идентитетот на сторителот или сторителите на убиството.

„Надлежни полициски единици излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека во возило со македонски регистерски таблички се наоѓа едно лице, а надлежен лекар констатира дека лицето нема знаци на живот. Околу еден километар од местото на настанот е пронајдено запалено возило со германски таблички, за кое постои сомневање дека осомничените побегнале од местото на настанот“,

се вели во соопштението.

Косовскиот портал „Индекс онлајн“ доцна синоќа објави и детали, вклучително и идентитетот и фотографија од убиениот. Повикувајќи се на свои извори, тие наведоа дека убиеното лице е со иницијали Б. Д., имал лажни документи кои ги користел и гласеле на име Блерим Шабани. 

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обамејанг се надева дека кариерата ќе ја продолжи во Барселона

Следно

Белата куќа: Шведска треба да стане членка на НАТО „што поскоро“

Latest from Blog

ПАПАМОБИЛ, ДИПЛОМАТИЈА И 15.000 ЛУЃЕ ОД БЕЗБЕДНОСТА: Зад сцената на папската посета на Франција

Папамобил, претходница, протоколи за итна медицинска помош… Секое папско патување бара темелни подготовки – балансирање меѓу дипломатијата, политиката, верата и безбедноста, известува „Франс-прес“ (Agence France-Presse). Папата Лав XIV ќе престојува во Франција

Димитриеска-Кочоска на Светскиот економски форум во Њујорк: Економиите мора да се насочат кон долгорочен раст заснован на продуктивност

23 септември 2026 година, Њујорк – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска учествуваше на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, организирана во рамки на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“

(ВИДЕО) Трамп се фалеше, а Макрон остро возврати „ВРАЌАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА ЏУНГЛАТА“

Францускиот претседател Емануел Макрон ги оспори тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека обезбедил мир во Појасот Газа, велејќи дека и покрај прогласениот мир во енклавата, не е повторно отворен никаков хуманитарен

Ердоган: ОН мора да го укинат правото на вето во Советот за безбедност

Во статијата тој наведува дека „трагедиите што светот ги виде во последните години, како што се пандемии, енергетски кризи, прекини во синџирот на снабдување и регионални конфликти, покажаа дека препуштањето на решавањето
Go toTop