Без проблем се минува граничниот премин меѓу Србија и Косово, возилата со српски регистерски таблички подлежат на зголемени контроли

June 15, 2023
1 min read

Сообраќајот на граничниот премин меѓу Србија и Косово се одвива без проблеми, но сите автомобили со српски регистерски таблички подлежат на зголемени контроли

Иако Владата на Косово предупреди дека косовските институции донеле одлука да забранат влез на возила со српски регистерски таблички на територијата на државата, според информациите од терен, автомобилскиот сообраќај продолжува да се одвива без проблеми. Но, сите автомобили со српски регистерски таблички подлежат на зголемени контроли, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа.

Владата на Косово, вчера, објави дека по „киднапирањето на тројца косовски полицајци од страна на српските сили“, институциите одлучиле да забранат влез на возила со регистарски таблички на Република Србија.

Владиниот портпарол Прпарим Круезиу за РСЕ вели дека по последните настани косовските институции донеле одлука за зголемување на нивото на граничната контрола.

„Од безбедносни причини институциите одлучија да го зголемат нивото на граничните контроли. Затоа како итен чекор е одлучено да се забрани влез на возила со српски регистарски таблички во Косово, додека анализата на состојбата од страна на безбедносните институции продолжува. Следните активности ќе бидат преземени врз основа на препорака на институциите за спроведување на законот“,

вели Круезиу.

РСЕ пренесува дека во групи на социјалните мрежи, дел од српската заедница известува дека без проблем го минуваат граничниот премин со регистарски таблички издадени од српските власти.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе решен да остане во ПСЖ до 2024 година

Следно

УЕФА се извини за скандалот со украинското знаме во финалето на Лигата на шампионите

Latest from Blog

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека
Go toTop