Рама: Косово влегува во драматичен судир со евроатлантската заедница

June 13, 2023
1 min read

Албанија е земја која е нераскинлив дел од евроатлантската заедница, членка на НАТО и нема шанси Албанија да се помести од оската на евроатлантската заедница, рече албанскиот премиер

Косово влегува во драматичен судир со евроатлантската заедница, констатира албанскиот премиер Еди Рама на денешната прес-конференција, на која го најави и одложувањето на заедничката седница на владите на двете земји што требаше да се одржи утре.

„Имаме многу проблеми, бидејќи Албанија не е НЛО, не работи изолирано, а односот на Албанија со Косово е братски однос. Албанија е земја која е нераскинлив дел од евроатлантската заедница, членка на НАТО и нема шанси Албанија да се помести од оската на евроатлантската заедница“,

нагласи Рама.

Згора на тоа, продолжи Рама „ви кажав и претходно, ние не мислиме 99, туку 100 отсто идентично како што мислат нашите сојузници во овој случај“.

„Како што ви кажав дека кога некои од партнерите им рекоа на Албин и на косовските власти да не ги одржуваат изборите на север, јас бев 100 отсто со Албин и косовските власти дека изборите треба да се одржат, бидејќи бојкот на Србите не можеше да добие статус на фатален инструмент за Република Косово, дека не сакаме да учествуваме на избори и тие не може да се одржат“,

рече Рама, додавајќи дека, „во тој случај и јас дадов мој скромен придонес за да партнерите би разбрале дека не станува збор за лудило на Албин, туку за мене принципиелен и коректен став“.

Но денеска, нагласи Рама, „не го делиме мислењето за начинот на кој се постапува, и ние како држава сме 100 отсто против начинот на кој се постапува“.

„Односите на Албанија со евроатлантската заедница и позицијата што Албанија ја доби во оваа заедница, каде што денес е на највисоката точка во својата историја, никој и од која било причина не може да ги доведе во прашање, а уште помалку да ја доведе во прашање дискусија за ситуација во која на Косово му се заканува, од необјаснива причина, неуспех и погрешна стратешка процена“,

рече Рама.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Путин: Москва размислува за суспендирање на Договорот за извоз на украинското жито

Следно

Тренер по тенис допирал малолетнички по телото

Latest from Blog

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер
Go toTop