Ердоган: „Воспоставувањето на коридорот Зангезур ќе ги зајакне односите меѓу Анкара и Баку“

June 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека воспоставувањето на клучната копнена рута на коридорот Зангезур во јужен Кавказ ќе помогне да се изградат посилни врски меѓу Туркије и Азербејџан, јавува Анадолу.

„Доколку брзо го решиме проблемот со Зангезур, тоа ќе нѐ доведе до напредок во две важни придобивки преземени и од патниот и од железничкиот сообраќај“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев при посетата на Баку, главниот град на Азербејџан.

Тој додаде дека со коридорот врските на Туркије со (азербејџанската ексклава) Нахчиван ќе станат многу посилни. Постоењето на овие врски ќе доведе до зајакнување на односите меѓу Туркије и Азербејџан.

Планираниот коридор Зангезур – непречен пат низ ерменската територија што го поврзува Азербејџан со неговата ексклава Нахчиван – исто така ќе го поврзе Азербејџан директно со источна Туркије и така ќе му даде дополнително единство на поголемиот турски свет.

Ердоган е во Баку по посетата на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) како дел од неговата прва странска турнеја од неговото повторно избирање за претседател на 28 мај.

Регионот Зангезур првично беше дел од Азербејџан, иако Советите ѝ го дадоа на Ерменија во 1920-тите, оставајќи го Азербејџан лишен од директната копнена рута до Нахчиван.

По својата 44-дневна војна со Ерменија во есента 2020 година, Азербејџан се фокусираше на планираните врски, вклучувајќи автопати и железничка пруга од 43 километри низ коридорот.

Ердоган, исто така, најави дека се започнати работите за формирање на турско-азербејџански универзитет.

Алиев рече дека соработката меѓу Туркије и Азербејџан е од витално значење за регионот.

Блиските врски меѓу Туркије и Азербејџан често се сумираат во мотото: „Еден народ, две држави“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пирц Мусар: И Словенија мораше да го промени Уставот на патот кон ЕУ, се надевам дека и вие ќе покажете политичка мудрост

Следно

Здравствените работници во Белгија протестираат против лошите услови за работа

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop