Пирц Мусар: И Словенија мораше да го промени Уставот на патот кон ЕУ, се надевам дека и вие ќе покажете политичка мудрост

June 13, 2023
1 min read

Словенечката претседателка нагласи дека верува оти С Македонија има знаење и потенцијал да се приклучи на патот кон ЕУ, а Словенија како и досега ќе остане нејзин важен партнер во насока на имплементација на европските реформи и на патот кон Унијата. Како човек кој добро го познава обемот на приближување на законодавството на Европа, рече Наташа Пирц Мусар, морам да кажам дека не е лесно

Искрено, посакувам и се надевам дека ќе имате доволна политичка мудрост и дека ќе го промените Уставот.

Ова за време на денешната посета на Скопје го порача претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, велејќи дека од исклучителна важност е политичарите во земјава да сфатат колку е важно единството и да се придвижат неколку чекори чекори напред за да сфатат што е добро за Северна Македонија и за македонскиот народ.

Наташа Пирц Мусар, претседателка на Словенија

Како човек кој добро го познава обемот на приближување на законодавството на Европа, рече словенечката претседателка, морам да кажам дека не е лесно.

„Многупати е тешко да кажам, но и Словенија го помина тој процес – и Словенија мораше да го промени Уставот. Го променивме Уставот во член кој дозволуваше странците да поседуваат и да купуваат имоти. Тогаш во мојата татковина се слушаше како тоа не е добро за словенечкиот народ. Имаше жестоки политички расправи и дебати во тој аспект, но успеавме во тоа бидејќи словенечката политика беше свесна дека треба да бидеме единствени кога треба да реализираме европски проекти што се однесуваат на иднината за Словенија“,

рече словенечката претседателка.

Словенечката претседателка нагласи дека верува оти Северна Македонија има знаење и потенцијал да се приклучи на патот кон Европската Унија, а Словенија, како и досега, ќе остане нејзин важен партнер во насока на имплементација на европските реформи и на патот кон Унијата.

Новонастанатите геополитички околности и приближувањето на Украина и Молдавија кон ЕУ, додаде Пирц Мусар, нема да влијание врз тоа евентуално С Македонија да остане во втор план во однос на евроинтеграциите.

„Македонија е тука во моето срце и на сите државјани и жители на Македонија им гарантирам дека Словенија секогаш ќе се грижи Македонија да ја добие сета помош во однос на приближувањето кон Европската Унија. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и во тоа цврсто верувам“,

додаде претседателката на Словенија.

Претседателот Стево Пендаровски заедничката прес-конференцијата со Пирц Мусар нагласи дека Словенија е важен партнер на земјава при имплементација на европските реформи со години наназад и додаде дека добил уверување од словенечката претседателка оти оваа поддршка ќе продолжи, а дека Словенија ќе остане да биде промотор на македонската европска интеграција.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Доналд Трамп и убиството во Ориент експрес

Следно

Ердоган: „Воспоставувањето на коридорот Зангезур ќе ги зајакне односите меѓу Анкара и Баку“

Latest from Blog

Научната јавност: Современото рударство не треба да се поистоветува со старите технологии

Дел од домашната научна јавност смета дека јавната дебата за рударството треба да се темели на современите технолошки решенија, а не на искуствата од минатото. Професорот Благој Голомеов од Факултетот за природни

Ребалансот носи 46 милијарди денари за капитални инвестиции, вели Димитриеска-Кочоска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека предложениот ребаланс на Буџетот за 2026 година не е резултат на финансиска криза, туку претставува развојна мерка со која се обезбедуваат средства за капитални инвестиции

Новиот британски премиер ги намалува даноците на сметките за електрична енергија

Според соопштението, британската влада планира да го укине данокот на додадена вредност (ДДВ) на сметките за струја за домаќинствата, почнувајќи од 1 октомври. Трошокот за оваа мерка во тековната финансиска година ќе

ВЛЕН бара темелна истрага за загадената вода во Гостивар

Коалицијата ВЛЕН соопшти дека очекува целосно расветлување на случајот со загадувањето на водата за пиење во Гостивар и утврдување одговорност за сите кои, како што наведуваат, со дејствување или пропуст придонеле за
Go toTop