Доналд Трамп и убиството во Ориент експрес

June 13, 2023
3 mins read

Веројатно испуштив чуден животински крик на радост кога се појави веста дека против поранешниот претседател Доналд Трамп се подигнати федерални обвиненија.

Па сепак, нешто не штима кога ќе слушнеш од Њујорк тајмс дека ова е „првпат поранешен претседател да се соочи со федерални обвиненија“. И Вашингтон пост ја истакна истата поента.

Вознемиреноста ќе ви се зголеми кога ќе сфатите дека ниту еден екс-претседател никогаш не бил отповикан, осуден и сменет од функцијата. Дури и против Ричард Никсон никогаш немаше импичмент; поднесе оставка пред Претставничкиот дом да гласа за тоа. За Бил Клинтон импичмент имаше еднаш, за Трамп два пати, но и двајцата беа ослободени во нивните процеси во Сенатот.

Како бе ова? Трамп е екстремно лош, и искрено, јас и денес се смешкам додека го замислувам како вреска: „НЕ  Е ФЕР!“ вадејќи ги од памет верверичките на неговиот терен за голф во Њу Џерси. Но, нема резон да се верува дека тој е баш единствениот претседател во американската историја кој некогаш постапил толку малициозно што заслужува консеквенци.

За да ја разберете приказната, можеби ќе треба да ја прочитате „Убиство во Ориент Експрес“ од Агата Кристи (1934).

Во романот, детективот Херкул Поаро се качува на прочуениот воз во Истанбул. Има само 14 други патници во прва и втора класа. Втората ноќ возот е принуден да застане во Хрватска поради снежни наноси, а следното утро, бизнисмен по име Семјуел Рачет е најден мртов во неговата кабина, што сугерира дека убиецот сè уште се во возот.

Доказите се чудни. Рачет е избоден 12 пати, но, некои од раните се чини дека ги нанел деснак, а некои се од левучар. Некои се од некој исклучително силен, други од некој слаб. Има цел бараж од други индиции, но сите укажуваат на различни осомничени во возот.

Поаро го анализира сето тоа и ги собира сите можни осомничени, заедно со неговиот пријател кој е топ менаџер во Железница.  Предлага две теории за случајот:

1. Жртвата била убиена од некој кој веќе не е во возот, некако се качил и потоа незабележано избегал.

2. Рачет е убиен од – сите. Сите патници имале мотив да го убијат, секој го избодел и ниеден поединец не може да биде одговорен одвоено од другите.

Поаро вели дека ќе му дозволи на својот пријател да одлучи која теорија има најмногу смисла. Откако накратко размислил, неговиот пријател пресудил дека сигурно бил непознат странец и тоа ќе ѝ каже на полицијата.

Е, ова е американската политика – и политиката генерално – во минијатура и зошто е речиси невозможно да се казнат сторителите на големите злосторства: Сè што е страшно во големи размери подразбира вклученост и поддршка од поширока елита.  Кога се работи за големи белји, повеќе луѓе од врвот морале да биле виновни за белјите воопшто да се случат. 

Затоа сите се извлекуваат.

Размислете за Виетнамската војна. Линдон Џонсон и Никсон беа најодговорни, убивајќи од два до четири милиони луѓе низ Индокина (немаме попрецизна бројка зашто никогаш не ни било доволно гајле да дознаеме.) Но, за правење ваков масакр, многу поголем отколку што може да сонува кој било сериски убиец, очигледно него требало да го прифатат многу повеќе луѓе отколку само овие двајца претседатели. Како може некој легитимен судски процес да ги осуди само Џонсон и Никсон? Резолуцијата за Заливот Тонкин беше усвоена во Претставничкиот дом со 416-0 и во Сенатот со 88-2. Конгресот со години позитивно гласаше за финансирање на војната.

Или земете ја „Војната против тероризмот“, која однесе 4,5 милиони човечки животи. Овластувањето за употреба на воена сила после 11 септември само пролета низ Конгресот и имаше само еден осамен глас против. Дури и Берни Сандерс гласаше за. За војна со Ирак гласаа 296 членови на Домот и 77 сенатори.

Како и во „Убиството во Ориент Експрес“, имаше многу бодежи од многу луѓе.

Оваа динамика важи и кога една држава е освоена. Нирнбершките процеси гонеа луѓе и вон круговите на најпознатите нацистички функционери. Но, од над 3.000 потенцијални случаи, повеќето беа отфрлени, а до 1950-тите, речиси сите осудени на затвор беа ослободени – заради потребата на САД германските елити да помогнат да се управува со Германија. Судењата на јапонските воени злосторници беа уште помалку консеквентни, при што императорот Хирохито експлицитно беше исклучен од каква било одговорност.

Понекогаш е можно да се адресираат помали злосторства кои големите личности ги извршуваат сами или со тесен круг пријатели. Веројатно најзначајното злосторство на Трамп беше неговата поддршка за саудиската војна против Јемен, која доведе до смрт на стотици илјади луѓе.

Но, Трамп ја дели таа своја вина со голем дел од американскиот политички систем , па онда тоа е ок. Човекот ќе се сопне на парите кои ѝ биле дадени на Сторми Даниелс да молчи, или на лошото ракување со доверливи документи.

Мразам да кратам нечие уживање во неволјите што го задесија Трамп, особено што и мене ми донесоа бесрамно задоволство. Го разбирам искушението да поверувам дека системот функционира.

Проблемот е што тоа е точно: системот функционира – само што тоа нема никаква врска со правда.

Јон Шварц,
Интерсепт

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Драмски театар во Прилеп ја крена публиката на нозе со „Чудна случка со кучето во ноќта“, овации за ТДМ и „Роња, ќерката на ограбувачот“

Следно

Пирц Мусар: И Словенија мораше да го промени Уставот на патот кон ЕУ, се надевам дека и вие ќе покажете политичка мудрост

Latest from Blog

Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Собранието на Црна Гора

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ. На средбата беше изразено задоволство од

Стојановски: Приватните превозници го прифатија предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, цената за километар да биде 100 денари!

Мартин Стојановски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, денеска истакна дека приватните превозници го прифатиле предлогот на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, а цената за километар ќе биде 100

Брисел: Креативните решенија мора да бидат усогласени со заклучоците на Советот

Работиме на изнаоѓање решение за Северна Македонија да оди напред во втората фаза од преговорите со ЕУ. Не сакаме Северна Македонија да биде оставена назад. Сепак, креативните решенија мора да бидат усогласени

Јакнење на македонско-британската соработка во делот на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила средба со британскиот комесар за трговија за Европа, Крис Бартон и со британскиот амбасадор во Северна Македонија, Метју Лосон. На средбата

Македонија со скок на новата ФИФА ранг-листа

Македонската фудбалска репрезентација забележа скок од две места на ФИФА ранг-листата. Во моментов сме на 67. место на ФИФА листата, со вкупно 1,368 поени. Ова е највисоката позиција на Македонија на ФИФА
Go toTop