Раководството на ДУИ едногласно: Поддржуваме влада без нас, но уставните измени да стапат на сила пред Втората меѓувладина конференција

June 10, 2023
2 mins read

Условот на ДУИ е уставните измени да стапат на сила пред одржување на Втората меѓувладина седница со ЕУ. Тогаш, велат итегративците, би ја напуштиле власта и ќе поддржат преодна влада без нивно учество до следните избори

Централното претседателство на ДУИ вечерва го реафирмираше ставот дека се согласни излезат од Владата, но услов е тоа да го направат откако ќе се изгласаат и ќе стапат на сила уставните измени.

„ДУИ, преку едногласна одлука на Претседателството, го реафирмираше ставот за подготвеноста на партијата веднаш да се постигне договор со кој опозицијата ќе ги поддржи уставните измени кои би влегле во сила пред одржувањето на Втората меѓувладина седница со Европската Унија, а ДУИ ќе поддржи преодна Влада без нејзино учество до наредните избори“,

соопштија од ДУИ.

Покрај одлуката да излезат од влада под услов уставните измени да стапат на сила пред Втората меѓувладина конференција, Централното претседателство на ДУИ по вечерашниот состанок излезе со порака дека истовремено инсистира и да почне процесот на ветинг.

„ДУИ инсистира веднаш да отпочне процесот на ветинг на сите политички партии и носители на јавни партиски функции, со цел темата за антикорупциска политика да не се злоупотребува во дневната политика; напротив, преку овој процес, истата да се институционализира со што би се создала минимум доверба за важните процеси кои претстојат“,

велат од ДУИ.

Причината за вечерашниот состанок на интегративците беше лидерската средба што во средата се одржа меѓу претседателите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски.

На седницата се анализирала оваа средба и новата динамика на политичката сцена во однос на уставните измени.

Одлуката да поддржат влада без ДУИ, но со услов прво да стапат на сила измените на Уставот, интегративците ја соопштија и како став веднаш по лидерската во средата кога вакво барање истакна Христијан Мицкоски. Меѓутоа, покрај ова, Мицкоски упати и барање уставните измени да стапат на сила кога во земјите-членки на ЕУ ќе почне ратификацијата на пристапниот договор на земјава за членство во ЕУ.

Мицкоски условите ги испорача откако од страна на Ковачевски на маса бил ставен предлог да се изгласа отворање на Уставот и веќе наредниот ден ВМРО-ДПМНЕ да влезе во влада, а СДСМ да ѝ отстапи пет од своите 10 места на Илинденска бр. 2. Ваквата влада, предложи премиерот, ќе го спроведе процесот на уставни измени, ќе го заврши скрининг-процесот кој е во тек, ќе ги отвори поглавјата од преговорите, а зависно од динамиката може и да затвори едно или две поглавја.

„Дополнително, истата таа влада ќе може да ги организира и следните избори. На тоа додадов – уставните измени кои ќе се донесат во своите завршни и преодни одредби да имаат одредба со која важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е закажана без никакво одложување“,

рече Ковачевски по лидерската во средата.

На ова, Мицкоски одговори:

„Од моја страна беше даден следниот одговор – во ред, ја разбирам понудата и за неа го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со другите политички партии, но без учество во владата на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во неа со тоа што избори подготвува техничка влада, а не оваа влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сити остана без Де Бруин, а Интер добро се држи: На полувреме 0-0 во Истанбул

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Манчестер Сити е нов шампион на Европа

Latest from Blog

Мицкоски: Планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина, сами не можеле да го најдат

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти, ниту пари за изградба на когенеративни централи, додека планот за чист воздух

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена.

Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира поради инаетот на Арсовска, Владата, бидејќи е прогласена вонредна состојба, има мерки, има инструменти да го да го реши овој проблем, со тоа што ќе им

Потвредено обвинението против осомничените за убиството на Данка Илиќ, се бара доживотен затвор

Вишиот суд во Зајечар го потврди обвинението против Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, обвинети за убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ, пренесува Индекс. Судот донесе решение со кое го потврди обвинението, кое
Go toTop