„Влада без ДУИ“ и „важност на уставните измени“ – три множества без пресек

June 8, 2023
3 mins read

Колку се блиску или далеку ставовите на главните актери и колку употребата на исти или слични фрази во изјавите, како „влада без ДУИ“, „одложено дејство на уставните измени“…, и содржински значат исти или слични работи по вчерашната средба Ковачевски-Мицкоски

Еден ден по средбата на премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, двете страни го сумираат исходот и ги интерпретерираат своите и ставовите на другата страна, заземајќи позиции пред продолжението на процесот.

Од СДСМ, преку прес-конференција на портпаролката Богданка Кузеска, инсистираат на тоа дека Мицкоски јавно кажал дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, со што де факто го променил ставот и прифатил уставни измени. Дури и условот ДУИ да не биде дел од владата, експресно беше прифатен од оваа партија, додаваат од СДСМ. Прифатено е и барањето измените на Уставот да важат одложено, односно од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција, порачуваат денеска од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, во нова изјава на лидерот Мицкоски денеска од Кочани, повторуваат дека прифатиле учество во, како што ја нарекуваат, преодна влада без ДУИ и дека бараат уставните измени да важат од влезот на земјава во Европската Унија. Мицкоски го поздрави, како што вели, ставот на Бујар Османи ДУИ да не биде дел од преодната влада.

За потсетување, Османи вчера на Фејсбук порача дека „ДУИ е подготвена да поддржи влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада“.

Па, колку се блиску или далеку ставовите на главните актери и колку употребата на исти или слични фрази во изјавите, како „влада без ДУИ“, „одложено дејство на уставните измени“…, и содржински значат исти или слични работи.

Влада (без ДУИ)

Премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски, вчера по средбата, влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во Владата временски го лоцираше веднаш по првото од трите гласања во Собранието неопходни за да се донесат уставни измени. „Предложив да го изгласаме отворањето на Уставот и веднаш утредента ВМРО-ДПМНЕ да влезе во владата, при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Ковачевски. По вчерашниот фејсбук-статус на Османи, дополнетиот став на СДСМ соопштен денеска од портпаролката Кузеска е дека ДУИ експресно прифатиле да не бидат дел од таа влада.

Мицкоски, во вчерашната и денешната изјава, вели дека прифаќа влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата, но во овие негови изјави нема временска одредница кога би се случило тоа – дали, на пример, како што вели премиерот, по отворањето на Уставот. Мицкоски го поздравува ставот на Османи ДУИ да не биде дел од таа влада, но не се осврнува на делот од неговата фејсбук-објава дека ДУИ е подготвена за такво нешто „доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада“.

Уставни измени (на сила)

Евидентното разминување на ставовите на темата „Влада без ДУИ“ е во тесна врска со следната клучна точка во јавната размена на ставови – кога да стапат на сила уставните измени.

Премиерот вчера и портпаролката на СДСМ денеска зборуваат за одложено дејство на уставните измени – од денот на одржувањето на втората меѓувладина конференција. Сè друго би било прекршување на Преговарачката рамка, вели премиерот.

Од ДУИ досега нема директен став за ова, но има индиректен и тој може да се прочита од фејсбук-објавата на портпаролот Османи, а тоа е дека оваа партија смета оти уставните измени треба да стапат на сила веднаш по изгласувањето како предуслов за формирање влада без нивно учество во неа.

Кога, пак, Мицкоски зборува за одложено дејство на уставните измени, тој мисли на нивно изгласување сега и стапување на сила по завршување на пристапните преговори – според денешната верзија, од зачленувањето на земјава во ЕУ, а според вчерашната – од денот на почеток на ратификацијата на Договорот за пристапување во ЕУ. Мицкоски смета дека тоа не е прекршување на Преговарачката рамка.

Протоколот и заклучоците на ЕУ

„360 степени“ вчера потсети дека во Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан лани во јули, пишува:

„Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување“.

Во заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ, пак, се „поздравува намерата на Северна Македонија да започне и да ги направи потребните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и се дел од други народи, како Бугарите“.

Заклучоци на Советот на ЕУ

Во истите заклучоци се наведува и дека уставните измени треба да се направат за да се одржи втората меѓувладина конференција.

„Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на пристапните преговори, Советот, исто така, одлучи да свика уште една меѓувладина конференција со намера да ја претстави Преговарачката рамка и состојбата со подготвителните работи од страна на Комисијата, и (Советот) е подготвен да ја одржи без дополнителни одложувања или политичка одлука веднаш штом Северна Македонија ќе ја спроведе заложбата за завршување на горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури“,

пишува во заклучоците од Советот на ЕУ.

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Рама бара итни избори на северот на Косово – до Макрон и Шолц доставил нацрт за ЗСО

Следно

Реал Мадрид ќе потроши речиси 400 милиони евра на трансфери ова лето

Latest from Blog

На вториот ден од прекинот на огнот израелската армија ги предупреди либанските цивили да не влегуваат во 10 јужни села

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелската армија денес ги предупреди либанските цивили да не се приближуваат до 10 села во Јужен Либан, каде постигнатиот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан влегува

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Од новиот состав на Европската Комисија треба да очекувате многу напорна работа, изјави денеска шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас. На прес-конференција во Битола, евроамбасадорот Рокас нагласи дека очекува

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели „градоначалничката Арсовска треба да сноси одговорност затоа што врши диверзија во една витална дејност како што е јавниот градски превоз. Имено, по оној

Гаши: Ќе се обидеме да ја смениме формулацијата 20 проценти за албанскиот јазик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека „ќе се обидат да ја променат формулацијата  „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“ и истакнува дека тоа е прашање на

Новиот Управен одбор на АЕК ќе ја стопира одлуката за покачување на платите за 20 проценти, најави Мицкоски

Новото раководство, односно новиот Управен одбор на Агенцијата за електронски комуникации ќе ја стопира одлуката за покачување на расходите за бруто плати за 20 проценти во АЕК, истакна премиерот Христијан Мицкоски во
Go toTop