Нуман Куртулмуш ја презеде функцијата претседател на турскиот Парламент

June 8, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Новоизбраниот претседател на Големото народно собрание на Република Туркије (ТБММ), Нуман Куртулмуш, ја презеде функцијата од привремениот челник на турскиот Парламент и лидер на Партијата за национално движење (МХП), Девлет Бахчели, јавува Анадолу.

Новиот состав на турскиот Парламент го избра Нуман Куртулмуш, заедничкиот кандидат на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) и Партијата за национално движење (МХП) за свој нов претседател.

Куртулмуш, парламентарниот претставник на АК Партија од Истанбул, доби 321 глас во третиот круг гласање и избран е за мандат во траење од две години.

Во пресрет на примопредавањето на должноста, Куртулмуш му се заблагодари на својот претходник Бахчели и истакна дека Туркије зад себе остави еден и влегува во нов историски период.

„Овој 28. состав на Парламентот го означува почетокот на визијата на ‘Столетието на Туркије’. Има многу работа за завршување. Очекувам единство и дијалог. Нашите мислења може да се разликуваат, но сите мора да бидеме во состојба да ги исполниме очекувањата на оваа нација со средба на заедничките точки, со цел да напредуваме. Искрено верувам дека овој Парламент ќе направи позитивни работи во дијалогот“, порача Куртулмуш.

Говорејќи на церемонијата на примопредавање, Бахчели истакна дека турската нација влегла во нова ера со изборот на претседател на Големото народно собрание.

„Како член на Парламентот, ветувам пред нацијата дека ќе му бидеме поддршка на нашиот претседател во сите прашања“, рече Бахчели.

Новиот претседател на Големото народно собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, истакна дека турскиот народ и на овие избори му ја даде довербата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, но и на неговата Партија на правдата и развојот (AK Партија).

„Извршната и законодавната власт заедно, рака под рака, добивме можност за формирање навистина силно Собрание. Најпрво сакаме да ја искористиме оваа прилика да му се заблагодариме на нашиот народ за ова признание“, порача Куртулмуш.

Напоменувајќи дека во Големото народно собрание на Туркије има 16 политички партии, Куртулмуш рече дека тоа е многу колоритен, полифон и разновиден состав на Парламентот.

„Со овие избори нашиот народ му порача на светот дека турската демократија е демократија со високи стандарди. Ќе продолжиме да работиме за доброто на нацијата посветувајќи ги своите животи, без да губиме минута, со свесност дека овие должности што ни ги дава нашата нација се одговорности што ни се доделени“, заклучи Куртулмуш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Барселона: Разбираме дека Меси сака да игра во лига со помалку обврски

Следно

Воз се запали во тунел во Тирол, стотици патници се евакуирани

Latest from Blog

Кои се сестрите Надер? Ги нарекуваат новите Кардашијан

Серијата во голема мера се потпира на проверена и вистинита формула: атрактивните сестри се ослободуваат од традиционалното воспитување, минуваат низ јавни раскинувања, лансираат модни линии и се караат пред камерите за време

Поранешниот голман на Арсенал го купува славниот клуб од Минхен и ќе гради нов стадион

фото: Sky Sports UK (X) Поранешниот голман на Арсенал и на германската репрезентација, Јенс Леман, ќе стане ко-сопственик на германскиот третолигаш Минхен 1860, објави „Абендцајтунг“. Според изворот, поранешниот голман е сериозно решен

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв
Go toTop