Папата Франциск оди на операција на дебелото црево

June 7, 2023
1 min read

Во јули 2021 година веќе му беше отстрането дел од дебелото црево. Во своите јавни настапи, тој често може да се забележи и во инвалидска количка поради болки во коленото, а лани изјави дека не сака да го оперира бидејќи целосната анестезија при претходната операција на дебелото црево му предизвикала непријатни несакани ефекти

Папата Франциск утрово беше има аудиненција во Ватикан, а попладнево ќе биде опериран / Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

На папата Франциск попладнево ќе му биде извршена операција на абдоменот во римската болница „Гемели“, соопшти Ватикан.

Оттаму додаваат дека неговиот лекарски тим одлучил дека е потребна операција и дека се очекува папата да остане во болница неколку дена заради закрепнување.

Агенцијата АНСА јави дека процедурата ќе трае околу два часа и дека папата ќе биде под целосна анестезија.

Папата Франциск требаше да биде однесен во болница уште утринава, по аудиенцијата во Ватикан, на која не ја спомена планираната операција. Тој вчера мина 40 минути на прегледи во болницата „Гемели“.

Папата, кој во март ја одбележа 10-годишнината од неговиот понтификат, често користи инвалидска количка или стап за одење поради болки во коленото.

Во јули 2021 година му беше отстрането дел од дебелото црево. Папата минатата година изјави дека не сака да го оперира коленото бидејќи целосната анестезија при претходната операција на дебелото црево му предизвикала непријатни несакани ефекти.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Ковачевски со конкретен предлог до Мицкоски: Усвојување на уставните измени и веднаш потоа избори

Следно

СВЕТСКИ АРХИТЕКТИ ВО СКОПЈЕ НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА 60 ГОДИНИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ И 110 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КЕНЗО ТАНГЕ

Latest from Blog

Нема милост за „мастачите“: Карвина исфрлена во најнизок ранг на натпреварување

Одделот за етика при Фудбалската Федерација на Чешка, донесе одлука, со која екипата на Карвина се исфрлува во најнизок ранг на натпреварување поради три наместени мечеви. Ова е клуб кој што е

Познат е веројатниот наследник на Кир Стармер

Многумина во партијата го гледаат како најголема шанса на партијата за закрепнување по месеци на опаѓање на анкетите на јавното мислење и слаб изборен резултат во мај. Победата на Барнам на дополнителните

Димитриеска-Кочоска: Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на ЦЕФ

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Димитриеска-Кочоска: ЦЕФ останува важна платформа за регионална размена на искуства

Министерството за финансии денеска во Скопје е домаќин на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), настан кој традиционално ги обединува претставниците на институциите и носителите на

Тоневски: Инвестиција од 10 милиони денари за реконструкција на дел од „Јаким Стојковски“

Во полн ек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Јаким Стојковски“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Проектот опфаќа изградба на нови тротоари и рабници, како и поставување на
Go toTop