Јак старт на Такер Карлсон

June 7, 2023
1 min read

Поенти од првата емисија:

Саботирање на браната ѝ штети на Украина но многу повеќе на Русија зашто обезбедува свежа вода за целиот Крим. Јасно е која страна најверојатно ја има дигнато во воздух, исто како и Северен тек.

Бил Кристл, човекот кој нè убедуваше дека Садам Хусеин стои зад нападите од 11 септември, побрза да го обвини Путин. Аха, да, Путин обожава да си ја уништува својата инфраструктура, само за да ве нервира.

Американските медиуми не ни помислуваат да ја истражат можноста зад саботажата да стои Зеленски. Не, тој е премногу фин за да биде терорист, иако сте го виделе на телевизија, испотен и нервозен. Комедијант кој стана олигарх, прогонувач на христијани, пријател на БлекРок. Но, не си верувајте на очите, тој е добар дечко. Како што за него еднаш кажа Џорџ Буш, „тој е Винстон Черчил на нашето време“(Џо Бајден, пак, го спореди Хашим Тачи со Џорџ Вашингтон; види овде

Нè убедуваат дека нешто е вистина затоа што е вистина. И што повеќе се повторува тоа, станува уште повистинито. Во такви тавталогии порано зборуваа само глупавите, денес тавтологии користат сите од власта. Би верувале дека ако некој облече фустан станува женско? Нормално дека не, за тоа е потребно е со години долго, упорно и обилно лажење на темата.

Да, медиумите лажат но најголем дел од времето просто ги игнорираат темите кои се битни: каде завршија милијарди наши долари пратени во Украина? Појма немаме. Кој ги организираше оние БЛМ протести пред три години? Што навистина се случи на 11 септември? Како Џефри Епстин умре, како Кенеди?

Во денешното новинарство, љубопитноста е најголем криминал. Вчера поранешен офицер во авијација и разузнавање обелодени дека американската влада поседува физички докази за НЛО, меѓу другото и тела на оние кои ги управувале. Дека Пентагон со децении го проучува тој материјал за да изгради ефикасни одбрамбени системи. Со други зборови, НЛО постојат и тие знаеле за тоа. Во нормална држава, ова би се третирало како вест на милениумот! Не и кај нас. Њујорк тајмс на насловна имаше пет вести за Украина, плус стории за Трамп, транс-луѓето, климатските промени; вообичаената плеј листа. Ништо за тоа дека вонземјани ни летаат над глава. Ни збор.

Ако државата ви изгледа дисфунционална, тоа е и затоа што никој не знае што се случува. Мала група луѓе контролираат пристап до сите релевантни информации. Американската влада има ставено ознака за тајност на преку една милијарда јавни документи!

Не ни е дозволено да знаеме. „Престанете да се занимате како се имаме збогатено. Еве ви приказна за расизам, изедете се меѓу себе!“ Така се живее во САД. Манипулирани со лаги, замолчени од табуа.

Од денес сме на Твитер. Ни кажаа дека овде нема „избацивачи“. Ако не биде така, заминуваме. Во меѓувреме, благодарни сме што сме овде.

Фокс, дувај го.

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изложба на фотографии „Бисерите на Охридското Езеро“ на Искра Пенева на 13. Денови на македонската култура во Белград

Следно

Ковачевски со конкретен предлог до Мицкоски: Усвојување на уставните измени и веднаш потоа избори

Latest from Blog

Објавена причината за смртта на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга!

Сега причината за смртта на холивудската двојка е официјално потврдена. Канцеларијата на судскиот обвинител на округот Лос Анџелес објави дека двојката починала од „повеќекратни повреди од тап предмет“, пишува Дејли меил. Познатиот

Божиновска: Македонија ја зајакнува енергетската инфраструктура и меѓународната соработка

Енергетската политика на Македонија се гради системски, врз основа на закони, институционални решенија и меѓународна соработка, порача министерката за енергетика Сања Божиновска по состанокот на Енергетската заедница. Како што информираше таа, на

Ролат од тиква и крем сирење

    Состојки: 60 грама брашно 100 грама мелени бадеми 1/2 лажичка прашок за пециво 1/2 лажичка сода бикарбона 1/2 лажичка цимет 1/2 лажичка мускатно оревче малку рум 3 јајца 100 грама кафеав
Go toTop