Во Атина денес ќе биде запален олимпискиот оган за Специјалната Олимпијада во Берлин

June 7, 2023
1 min read

На свечена манифестација во Атина, денес ќе биде запален олимпискиот оган, односно „Огнот на надежта“ за 16-тa Специјалната Олимпијада што од 17 до 25 јуни ќе се одржи во Берлин, а на која ќе учествуваат и атлети од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

На церемонијата во Атина, каде што традиционално ќе биде запален олимпискиот оган ќе присуствува грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Олимпискиот оган ќе замине за Берлин за свеченото отворање на Специјалната Олимпијада.

Светските игри на Специјалната Олимпијада Берлин 2023 се под мотото „Непобедливи заедно“, за првпат се одржуваат во Германија, ќе учествуваат 7.000 атлети со интелектуална попреченост, кои ќе се натпреваруваат во 26 спорта, а меѓу учесниците се и репрезентативци од нашата земја.

Од Специјалната Олимпијада Северна Македонија, преку официјалниот Фејсбук профил ги претставија нашите атлети, за кои истакнаа дека неуморно се подготвуваат за претстојните Светски Специјални Олимписки игри и се подготвени да донесат медали.

-Се подготвуваме за да освоиме медали, но и да ги освоиме срцата на сите поттикнувајќи ширење на свеста за поинклузивно општество. Заедно, да ги прославиме уникатните способности и достигнувања на нашите исклучителни атлети, напишаа од Специјалната Олимпијада Северна Македонија.

На Летните олимписки игри на Специјална Олимпијада во Абу Даби во 2019 година, нашите атлети освоија три златни медали во пливање, еден на 25 и два на 50 метри, еден сребрен медал на 50 метри атлетика и три бронзени медали во атлетика на 25, 50 и 100 метри.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финска: Мултимилионер казнет со 121 000 евра за брзо возење

Следно

Богатите Арапи за 100.000.000 евра годишно купија уште една ѕвезда, покрај Бензема пристугнува и играчот за врска!

Latest from Blog

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето на Државната Лотарија во овие постапки од страна

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство,

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува

Проданоски: Четири милиони денари за нов простор за игра на децата во населбата „Типски“

Ново детско игралиште е изградено во прилепската населба „Типски“, со инвестиција од четири милиони денари и поддршка од Министерството за спорт преку владиниот повик за децентрализација на средствата, информира градоначалникот Дејан Проданоски.
Go toTop