(ВИДЕО) Пукање во САД на матурска вечер, загинаа матурант и татко му, петмина се ранети

June 7, 2023
1 min read

По пукањето двајца мажи се приведени. Пукањето се случило нешто по 17 часот по локално време во кампусот на Универзитетот Вирџинија Комонвелт, каде што се одржувала локалната церемонија на дипломирање, изјавија за новинарите привремениот началник на полицијата во Ричмонд, Рик Едвардс и други официјални лица

Две лица загинаа, а пет се ранети во пукотница што се случила вчера во парк во Ричмонд, Вирџинија, додека матуранти и нивните семејства излегувале од сала каде имало матуркса прослава, соопшти полицијата.

По пукањето двајца мажи се приведени. Пукањето се случило нешто по 17 часот по локално време во кампусот на Универзитетот Вирџинија Комонвелт, каде што се одржувала локалната церемонија на дипломирање, изјавија за новинарите привремениот началник на полицијата во Ричмонд, Рик Едвардс и други официјални лица.

Но, еден од осомничените бил ослободен бидејќи полицијата верува дека тој не бил вклучен во нападот.

Починале 18-годишен матурант и неговиот 36-годишен татко, пишува Би-би-си. Еден од осомничените има 19 години, изјавил Едвардс.

„Полицијата верува дека 19-годишникот познавал барем една од жртвите“,

рекол тој.

Дали ништо повеќе не е свето, запрашал на прес-конференција градоначалникот на Ричмонд, Левар Стони.

„Детето треба да може да оди на матура и да ужива во успехот со пријателите и семејството. Ова пукање е себичен чин“,

рекол градоначалникот Стони, пренесе Би-би-си.

Фото: Илустрација / EPA-EFE/SHAWN THEW

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Путин го одликува Додик со Орденот „Александар Невски“

Следно

Приведен малолетник затекнат при кражба во Скопје

Latest from Blog

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..

Проданоски во Штавица: Го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица го посети храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во село Штавица, каде што традиционално се одбележува Мала Богородица. Проданоски
Go toTop