Милан го отпушти легендарниот Паоло Малдини

June 7, 2023
1 min read

Милан и официјално потврдија дека Паоло Малдини си заминува од позицијата на директор во клубот, откако според италијанските медиуми ја загубил битката за контрола и за одлучување за насоката во која ќе се движи клубот, добивајќи отказ од американскиот сопственик Џери Кардинале.

Малдини, како и неговиот татко Чезаре Малдини, е легенда на „росонерите“, поминувајќи ја својата блескава кариера во клубот, пред во 2018 година да биде убеден да се врати во клубот како директор.

Позицијата на неговиот помошник и близок пријател Фредерик „Рики“ Масара исто така е неизвесна.

Според италијанските медиуми проблемот настанал во понеделникот, кога имало состанок на кој се дискутирало за стратегијата и планирањето за нова сезона, по што веднаш почнаа шпекулциите дека односите на Малдини со газдата Кардинале станале неодржливи.

„Спортиталија“ тврди дека главната тема биле засилувањата на клубот, кои Малдини јавно ги бараше, но и иднината на тренерот Стефано Пиоли, кој ја имал целата поддршка на Кардинале, но не и на Малдини. Ова е необична завршница, бидејќи токму Малдини и тогашниот соработник Звонимир Бобан му дадоа поддршка на Пиоли по плановите за негов отказ и носење на Ралф Рангник.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Косово е отворено за можноста за нови избори во општините со мнозинско српско население

Следно

Над 40 000 луѓе се загрозени од поплави по уривањето на браната „Нова Каховка“, велат украинските власти 

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop