Калифорнија: Поројните дождови се намалија, во досегашните поплави загинаа најмалку 20 лица

January 17, 2023
1 min read

Серијата обилни дождови што ја зафатија Калифорнија во последните три недели конечно стивнаа, дозволувајќи им на евакуираните да се вратат во своите домови, а државата да се фокусира на поправка на оштетените патишта и далноводи. Во девет последователни поројни дождови од 26 декември досега загинаа најмалку 20 луѓе, а десетици илјади се раселени, изјави гувернерот Гевин Њусом.

– Последниот дожд полека се намалува. Треба целосно да престане по полноќ, изјави метеорологот Дејвид Рот од Националната метеоролошка служба. Иако катастрофални, дождовите помогнаа да се ублажат последиците од историските суши со тоа што донесоа половина од просечните годишни врнежи.

Властите сè уште ги повикуваат граѓаните да ја штедат водата, имајќи предвид дека нарушувањето познато како атмосферски реки не стигнало до сливот на реката Колорадо, главниот извор на вода во Калифорнија.

Ново невреме може да донесе умерен дожд во вторник и среда, а остатокот од јануари би требало да биде сув, велат синоптичарите. Сепак, предупредуваат на можни одрони во кањоните и на ридовите бидејќи земјата е многу влажна по три недели дожд и снег, а некои реки може да се излеат.

Во многу калифорниски окрузи останува во сила вонредната состојба.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Луѓето оставаат цвеќе на споменикот во центарот на Москва за загинатите во Днепар

Следно

Таравари: Можно е да станеме дел од Владата, ако не, треба да се оди на избори

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop