Големите достигнувања на турскиот беспилотен авион „Бајрактар Кизилелма“

June 6, 2023
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот беспилотен борбен авион „Бајрактар ​​Кизилелма“ (Црвено јаболко) оствари голем број достигнувања и подвизи во историјата на светската авијација, изведувајќи летови со борбени авиони со екипаж на ТЕХНОФЕСТ 2023 година, пренесува Анадолу.

Во соопштението на турскиот производител на беспилотни летала „Бајкар“ се наведува дека авионот „Бајрактар ​​Кизилелма“ и турското борбено беспилотно летало „Бајрактар ​​Акинџи“ по првото тестирање на 24 април 2023 година, а потоа и на ТЕХНОФЕСТ, имаат остварено големо достигнување, прво такво во историјата на светската авијација.

Имено, на небото над Истанбул, „Бајрактар ​​Кизилелма“ и „Бајрактар ​​Акинџи“ неколкупати изведоа ист лет, што го набљудуваа и голем број посетители на ТЕХНОФЕСТ и други граѓани.

Освен овој фасцинантен лет, на ТЕХНОФЕСТ, најголемиот турски фестивал на воздухопловството и технологијата, кој се одржа на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул од 27 април до 1 мај 2023 година, остварени се и други важни достигнувања и успеси.

„Бајрактар Кизилелма“, исто така, повеќепати изведе и формациски лет заедно со млазниот авион „СолоТурк“.

Потоа на 1 мај, последниот ден од ТЕХНОФЕСТ 2023, „Турските ѕвезди“, составени од беспилотниот борбен авион „Бајрактар ​​Кизилелма“, борбениот авион Ф-16 „Солотурк“ и млазните авиони Ф-5, изведоа дотогаш невиден перформанс на небото.

Тие успеаја во вид флота да изведат формациски лет, што веќе се смета за „почеток на нова ера“ во историјата на светската авијација.

– Развојот и производството на авионот –

Продолжуваат активностите на полето на развојот и производството на авионот „Бајрактар ​​Кизилелма“, чии два прототипа досега се успешно произведени. Планирано е масовното производство на турскиот национален беспилотен борбен авион да започне во 2024 година.

Освен тоа, авионот „Бајрактар Кизилелма“, како и борбеното беспилотно летало „Бајрактар ТБ3“ на 10 април се најдоа на палубата на турскиот брод „ТЏГ Анадолу“, првиот борбен беспилотен брод во светот. Тест-летовите од тој брод треба да започнат во 2025 година.

Компанијата „Бајкар“ го започна проектот за развој и производство на првиот турски беспилотен борбен авион „Бајрактар ​​Кизилелма“ во 2021 година и тоа целосно со сопствени средства и капацитети.

Првиот прототип со ознаката ТЏ-ОЗБ излезе од производствената линија на 14 ноември 2022 година и пренесен е во Центарот за обука и тестирање АКИНЏИ во турскиот град Чорлу.

„Бајрактар ​​Кизилелма“ е наменет за борбени дејства воздух-воздух и воздух-земја, а турските експерти во него инкорпорираат и произведуваат технологија за вештачка интелигенција. Се карактеризира и со мала видливост и тешка забележливост на радарите. Овој револуционерен производ на турската одбранбена индустрија полетува од многу кратка писта и може да полета и слета на палубите на бродовите-носачи.

Неговата тежина при полетување изнесува 8,5 тони и има носивост од 1.500 килограми, а ќе користи и широк арсенал на турско оружје и проектили.

– Турската компанија „Бајкар“ –

Турската компанија „Бајкар“ ги престигна конкурентите од САД, Европа и Кина и оваа година потпиша договор и почна да извезува беспилотни борбени летала „Бајрактар ​​ТБ2“ во Кувајт.

Компанијата „Бајкар“ три четвртини од приходите ги остварува од извоз, а сите свои проекти од почетокот до денес ги реализира со сопствени средства, вклучително и процесот на истражување и развој на авиони и беспилотни летала од 2003 година.

Минатата година оваа компанија оствари извоз во вредност од 1,4 милијарди долари. Договори за извоз на беспилотни борбени летала ТБ2 досега има потпишано со 30 држави.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шампионите на Москва

Следно

Шефот на МИ6 му честита на Калин за назначувањето на позицијата шеф на разузнавачката служба на Туркије

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop