Пукање во Љубљана: Двајца загинати, полицијата трага по убиецот

June 5, 2023
1 min read

Според информациите од полицијата, напаѓачот сè уште е во бегство и се работи на негово пронаоѓање

ФОТО: 24ur.com

Денеска околу 15 часот љубљанската полиција добила информација за пукање во областа Фужине. Во пукотницата се убиени две лица, соопшти полициската управа во Љубљана.

Полицијата го има обезбедено местото на настанот и работи на прибирање информации за инцидентот.

„Бараме да ги следите упатствата на полициските службеници на лице место и да не ја попречувате работата на службите за интервенција“,

информираат од СВР Љубљана.

Според информациите од полицијата, напаѓачот сè уште е во бегство и се работи на негово пронаоѓање.

Полицијата првично извести дека се повредени две лица, но подоцна соопшти дека починале поради тешки повреди.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕУ бара онлајн платформите да означуваат дали содржината е генерирана од вештачка интелигенција

Следно

Бугарските пратениците утре ќе гласаат за влада на Денков и Габриел, мнозинството граѓани ја поддржуваат

Latest from Blog

Костадиноска Стојческа во Аргумент плус: Бугарија ги негира македонските малцинства, а од нас очекува да внесеме Бугари во Устав

Поранешната министерка за култура, Бисера Костадиноска Стојческа во Аргумент плус рече дека за Бугарија секогаш е проблем да  се зборува за тоа дека немаат извршено ниту една од пресудите од судот за

Вардар се крена во финишот и го урна Охрид!

Вардар со 28-24 го победи Охрид и прокнижи нови бодови во плејофот, Охриѓани во голем дел од мечот беа рамноправен противник, но кога требаше да се решава победникот, црвено-црните го кренаа нивото

Сирискиот претседател Ал Шара на маргините на Форумот во Анталија оствари средба со лидери од светот

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес одржа серија состаноци со светските лидери и највисоки претставници на маргините на 4. Форум за дипломатија во Анталија, Туркије, пренесува Анадолу. Според соопштението на сириското Претседателство, Ал

Развојна банка исплати 74 милиони евра кон комерцијалните банки за инвестиции и развој на македонските компани

 Развојна банка ја исплати втората транша во износ од 74 милиони евра кон комерцијалните банки, за проекти на 248 компании од кредитната линија за инвестиции и развој. Како што информираат од Развојна
Go toTop