Инвестициските фондови што ги тераат коропорациите на самоубиство

June 5, 2023
1 min read

Поранешниот претседател на Анхусер-Буш за продажба и дистрибуција, Ансон Фрерик, објаснува дека вака нестандардното однесување што го гледаме од најодмерените и најпресметаните глобални корпорации се должи на левичарски инвестициски компании коi влегуваат во корпорацијата и вршат притисок таа да работи по нивна идеологија.

Фрерик како прво обвинети ги наведува инвестициските фондови Блекрок, Вангард и Стејт стрит, кои управуваат со капитал од околу 20.000 милијарди долари и ја користат оваа тежина за туркање на разбудената агенда.

Тој објаснува дека фондовите се директно  притиснати од прогресивни политичари и членови на Конгресот кои ја имаат контролата врз државните пензиски фондови од кои инвестициските фондови имаат директен профит.

Пример, една од компаниите управува со пензискиот фонд на Калифорнија (кој е најголем во САД), па политичарите од Калифорнија можат директно да влијаат врз политиките и инвестирањето на таа компанија, и да притиснат за нејзино излегување од бизнисите со нафта или природен гас.

„Но тие исто така им кажуваат на Блекрок, Стејт стрит и Вангард дека ако сакаат да ги менаџираат парите од пензискиот фонд, мора да се посветат на работи како ЕСГ – разноликост, рамноправност и инклузивност – и на ниво на компанија да воведат правило дека за истото тоа ќе вршат притисок во сите компании од корпоративна Америка со кои работат,“ објаснува Фрерик.

Ова индиректно го објасни и ЦЕО-то на Блекрок, Лари Финк, кој на Диалбук самитот на Њујорк тајмс изјави дека „мора да присилиш одредено однесување“ кај компаниите ако сакаш да постигнеш нешто околу „родовите и расата“.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бензема потпиша двегодишен договор со Ал Итихад

Следно

Пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите добија условна казна од една и пол година, докторот Вучевски е ослободен

Latest from Blog

Возиња конечно промовиран во Коло Коло

Голманот на репрезентацијата на Зеленортски острови, и сензацијата од последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада, 40. годишниот Возиња конечно е промовиран како нов член на чилеанскиот тим на Коло Коло. Тој

ТЕЖОК УДАР: Путин потпиша закон насочен кон Руси во егзил осудени во отсуство

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се воведуваат широки финансиски, имотни и конзуларни ограничувања за Русите што живеат во странство, а се осудени во отсуство. Ова важи и за законот

Николоски: Над 409.000 патници на скопскиот аеродром во јули – нов историски рекорд

Македонските аеродроми бележат рекордни резултати во авио-сообраќајот, а политиките за привлекување нови авиокомпании и отворање нови авиолинии веќе даваат видливи ефекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето
Go toTop