Русија: Украинската Армија спречена да го пробие јужниот фронт во Доњецк

June 5, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Украинската Aрмија започна голем напад на пет локации на јужниот фронт во Доњецк, но беше спречена да ја пробије руската одбрана, изјави портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, Игор Конашенков, јавува Анадолу.

Зборувајќи на брифинг за новинарите, Конашенков даде информации за нападите иницирани од одредени бригади на украинската Армија.

„Утрото на 4 јуни, со поддршка на други воени единици, непријателот започна голем напад во пет области на јужниот фронт во Доњецк користејќи ги 23. и 31. Механизирана бригада од стратешките резерви на Украинските вооружени сили“, истакна Конашенков.

Тој рече дека Украина користела шест механизирани и два тенковски баталјони во нападот и истакна дека нивната цел била да ја пробијат руската одбрана на најслабата точка на фронтот, но дека не можеле да ја исполнат својата мисија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дваесет и една година од основањето на ДУИ – раководството и фракцијата ќе го одбележат на одделни настани

Следно

Украинците споделуваат видео: „Војската ве моли за молк“

Latest from Blog

Најмалку пет лица загинаа во пад на воен хеликоптер во Пакистан

Најмалку пет лица загинаа во падот на воен хеликоптер денес во Пакистан, соопштија регионалните власти. Според извештаите, двајца пилоти и тројца техничари ги загубиле животите за време на рутински лет, пренесува АП.

Коњановски: Учениците во Бистрица ќе учат во подобри услови

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, на почетокот на новата учебна година го посети ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во село Бистрица, каде што оствари средба со родителите и директорката на училиштето. Тој

На полноќ завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

2 Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за членови на советот потписи се собираа во 11
Go toTop