Култот на климатската апокалипса

June 2, 2023
3 mins read

„Крајот на светот и векот“ повторно се враќа. Последниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), предизвика типично апокалиптични реакции во медиумите. „Ова е нашата последна шанса да го ограничиме глобалното затоплување пред штетите од климатските промени да станат неповратни“, се вели во еден наслов. „Дејствувајте сега или ќе биде предоцна“, процени Гардијан. Можеа комотно да кажат и „Покајте се грешници, крајот е близу“.

Ова вртење кон религиозна реторика не е првпат. Во меинстрим покривањето на климатските промени и активизмот доминира  апокалиптичната имагинација. Верувањето дека човештвото се соочува со можно исчезнување во следниот век или порано, е суштина на пропагандата на Extinction Rebellion (XR) и нивниот спин-оф, Just Stop Oil. За време на интервјуата и сè почестите појавувањата на суд, активистите избезумено повторуваат дека времето истекува и вознемирени се што јавноста недоволно паничи.

Апокалипсата некогаш

Апокалипса првично значеше откровение, пророштво за настани што некому ќе му се појават во соништа, визии или преку ангели. Верувањето во откровение, судниот ден и последователно царство божје му претходи на Христа и може да се најде во персиската и грчко-римската литература, како и во еврејската литература. Се вели дека тројството – откровение, судниот ден и божјето царство се одговор за гревовите на човештвото. Во последната книга на Новиот Завет, во „Откровението на Свети Јован“, апокалипсата му се појавува на еден пророк. Тој ја предвидува божјата одмазда врз грешниот свет што умира. Божјиот гнев кулминира во Армагедон, последната битка помеѓу доброто и злото.

Има тука многу симболизам но и реални, историски основи. Со векови пред Христа, Израелитите се надевале дека Месијата ќе дојде да ги уништи колонизаторите. Христос бил само еден од низата месија и не бил секогаш за вртење на другиот образ. Во Евангелието според Лука, Христос вели: „Кој нема меч, нека ја продаде својата облека за да си купи“. Флавиј Јозеф, римо-еврејски историчар и воен водач од 1 век, тврдел дека Исус бил еден од петте еврејски бунтовнички водачи кои живееле помеѓу 40 п.н.е. и 73 н.е.

Како што се христијанството се ширело, така се прошири и фантазијата за апокалипсата – влегува во исламот, односно во Куранот и хадисот. Големиот христијански мислител, Свети Августин (354-430), ја развил апокалиптичната тема, пресметувајќи дека крајот на светот ќе биде околу 300 години по неговиот живот. После него, епископи, монаси, мистици и еден папа дадоа свои предвидувања. Во средниот век, Второто доаѓање веќе било задоцнето илјада години, па одредени христијански фракции решија да се обидат да го изнудат. Ова било делумно поттик на систематското насилство на Крстоносните војни.

Позеленувањето на Апокалипсата

Секуларизацијата на апокалипсата јасно се гледа во случајот на екологијата. Во неа, апокалиптичните проекции и предвидувања се чувствуваат како дома. Зелените со својот библиски претходник споделуваат опсесија со Судниот ден, со одмазда кон злите и сонот за спасен свет. Но, постои витална разлика помеѓу библиската апокалипса и нејзината зелена верзија. Оние што треба да се судат денес не се дел од грешното човештво. Не, сите се од човештвото. А „Божјото царство“ е царство на природата кое е јасно спротивставено на човечкото. Накратко, зелениот „Крај на светот“ е многу античовечка апокалипса.

Extinction Rebellion, на пример, тврдат дека од нашето истребување нè дели само една генерација. Тие во климатските промени не гледаат практичен предизвик – како нешто што може да се реши со технолошки и материјален развој. Наместо тоа, тие ги гледаат климатските промени како форма на неопходна казна. Едно нивно видео од 2021 година има наслов: „Совети до младите луѓе додека се соочуваат со истребување“.

Ова не се совети од политички активисти, ова се зборови од самоповикани пророци. Тие си дале задача да нè разбудат сите нас, да нè натераат да го видиме она што тие го гледаат, да го обелоденат претстојниот Армагедон. По нив, оваа праведничка мисија надминува сè друго. Ако не си ја видиме грешката, ја заслужуваме казната која гарантирано доаѓа.

Примордијалниот грев се гледа во Индустриската револуција.

„Тука, во Глазгов пред 250 години, Џејмс Ват излезе со машина на пареа создадена од согорување јаглен. Да, пријатели мои, се наоѓаме на местото каде што почна да отчукува часовникот на Судниот ден,“  рече Борис Џонсон, решавајќи да ја ребрендира иновацијата која ги трансформираше животите на милиони на подобро во извор на нашата претстојна пропаст.

Со оглед на ваквото омаловажување на достигнувањата на човештвото, не е изненадување што радикалните еко-активисти со задоволство уништуваат уметнички дела, од ренесансни уметници како Вермер до модернистички великани како Ван Гог. Што се однесува до нив, сè што луѓето постигнале е безвредно, во светлина на претстојниот суден ден.

Како и во библиските времиња, и зелената апокалипса има улога на одмаздничка фантазија. Но, тоа веќе не е фантазија на угнетениот народ кој посакува зло на своите угнетувачи. Тоа е одмаздничка фантазија на малцинство активисти кои посакуваат штета на човештвото – затоа што не се согласуваат со нив, затоа што не се разбудиле од нивната грешност, затоа што не се покајале. Длабоко античовечки наратив.

Мајкл Кроули,
автор и драматург

 

 

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Бензема се огласи во јавноста по веста дека се сели во Саудиска Арабија

Следно

(ВИДЕО) Најмалку 50 лица загинаа, а над 300 се повредени во железничка несреќа во Индија

Latest from Blog

Ахмети: Пописот беше во рамките на договорите – ВЛЕН обвинува за пазарење со дијаспората

Одговарајќи на обвинувањата на коалицијата ВЛЕН дека за време на пописот на населението во 2021 година, ДУИ прифатила поделба на граѓаните во две категории – резиденти и нерезиденти – лидерот на интегративците,

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.

Израелскиот премиер следната недела во Вашингтон на средба со Трамп

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес потврди дека следната недела ќе го посети Вашингтон на разговори со американските претставници, јавува Анадолу. „Се очекува следната недела да заминам на средби во
Go toTop