Мицотакис среде кампања се зарази со корона – ќе биде активен на ТикТок

June 2, 2023
1 min read

Прегратките и бакнежите во кампања се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена, вели лидерот на Нова демократија

Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Преку видео објавено на Инстаграм, претседателот на Нова демократија и до неодамна премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис, соопшти дека е позитивен на ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света Гора планирана за викендов, јави дописничката на МИА од Атина.

„Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за ковид и сум позитивен“,

вели Мицотакис во видеото.

Објаснува дека посетата на Света Гора ќе остане за некој момент во иднината, но и оти ќе продолжи да објавува видеа на ТикТок.

Мицотакис се наоѓа среде кампања за парламентарните избори што треба да се одржат на 25 јуни 2023 година.

Ова ќе бидат втори избори за речиси еден месец откако по гласањето на 21 мај ниту една партија не успеа да освои доволно пратенички места за самостојно да формира влада.

Нова демократија на Мицотакис со над 40 отсто освоени гласови освои огромна предност од околу 20 отсто пред Сириза на Алексис Ципрас. Меѓутоа, не беше доволно за да може неговата партија да има мнозинство во 300-члениот парламент. Освои 146 пратенички мандати поради што не сакаше да прави коалиции и побара нови избори.

На 25 јуни Мицотакис би можел да дојде до посакуваното мнозинство и формирање еднопартиска влада, бидејќи овие избори ќе се спроведат според изборниот закон изгласан во 2020 година според кој ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија.

Бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници како претходно (пред да се укине), туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Потпис на денот, Леао и официјално останува верен на Милан

Следно

Бензема се огласи во јавноста по веста дека се сели во Саудиска Арабија

Latest from Blog

Трамп изрази надеж дека „следната недела“ ќе биде постигнат прекин на огнот во Газа

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека се надева дека наскоро ќе биде постигнат прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу. „Се надеваме дека (прекинот на огнот) ќе

Ахмети: Пописот беше во рамките на договорите – ВЛЕН обвинува за пазарење со дијаспората

Одговарајќи на обвинувањата на коалицијата ВЛЕН дека за време на пописот на населението во 2021 година, ДУИ прифатила поделба на граѓаните во две категории – резиденти и нерезиденти – лидерот на интегративците,

Кос: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Со порака дека секое евро од шесте милијарди евра предвидени за Западен Балкан зависи од брзината со која земјите ќе ги спроведат реформите, еврокомесарката за проширување Марта Кос ги повика балканските лидери

ЕК: Лидерите од Западниот Балкан ја потврдија решеноста за искористување на можностите на Планот за раст

идерите на шесте партнери на ЕУ од Западниот Балкан на денешниот состанок со еврокомесарката за проширување Марта Кос во Скопје ја потврдија својата решеност да ги искористат можностите што ги носи Планот

ИХФ потврди – од денеска во сила четири нови правила на ракометната игра!

Ракометот отсекогаш бил замислен како брз, забавен и динамичен спорт, а неговите правила се развиваа низ децениите. Светската ракометна федерација денеска објави за четири нови правила, односно промени во веќе постоечките правила.
Go toTop