Мицотакис среде кампања се зарази со корона – ќе биде активен на Тик-ток

June 2, 2023
1 min read

Прегратките и бакнежите во кампања се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена, вели лидерот на Нова демократија

Фото: EPA-EFE/GEORGE VITSARAS

Преку видео објавено на Инстаграм, претседателот на Нова демократија и до неодамна премиер на Грција, Кирјакос Мицотакис соопшти дека е позитивен на ковид-19 и следните денови ќе ги помине дома, а ја откажа и неговата посета на Света гора планирана за викендов, јави дописничката на МИА од Атина.

„Прегратките и бакнежите во предизборниот период секогаш се многу пријатни, но понекогаш имаат и цена. Денеска се тестирав за Ковид и сум позитивен“,

вели Мицотакис во видеото.

Објаснува дека посетата на Света Гора ќе остане за некој момент во иднина, но и оти ќе продолжи да објавува видеа на Тик ток.

Мицотакис се наоѓа среде кампања за парламентарните избори што треба да се одржат на 25 јуни 2023 година.

Ова ќе бидат втори избори за речиси еден месец откако по гласањето на 21 мај ниту една партија не успеа да освои доволно пратенички места за самостојно да формира влада.

Нова демократија на Мицотакис со над 40 отсто освоени гласови освои огромна предност од околу 20 отсто пред Сириза на Алексис Ципрас. Меѓутоа, не беше доволно за да може неговата партија да има мнозинство во 300-члениот парламент. Освои 146 пратенички мандати поради што не сакаше да прави коалиции и побара нови избори.

На 25 јуни Мицотакис би можел да дојде до посакуваното мнозинство и формирање еднопартиска влада, бидејќи овие избори ќе се спроведат според изборниот закон изгласан во 2020 година според кој ќе се примени мешаниот систем со засилена пропорционална застапеност, што значи и враќање на бонус пратеници за првата партија.

Бонусот нема да биде фиксен од 50 пратеници како претходно (пред да се укине), туку бројот ќе биде во зависност од освоените гласови и ќе се движи меѓу 20 и 50 дополнителни пратенички места.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Вечерва во 360°: Мицкоски прифаќа само тет-а-тет средба со Ковачевски

Следно

Потпис на денот, Леао и официјално останува верен на Милан

Latest from Blog

Првата лиценцирана батерија во Македонија – ФЕРОИНВЕСТ го сподели искуството на саемот „Енерго Технома 2025“

На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку

Бидете внимателни: Греалките можат да бидат причина за пожар, НЕ правете го ова

Според статистичките податоци, греалките се втора најчеста причина за пожари поради неправилно ракување. Бројните предупредувања од електричарите деновиве се однесуваат на правилно ракување со грејните тела, бидејќи голем процент од пожарите настануваат

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БиХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

Американски дипломати побарале од Кристијан Шмит да поднесе оставка од функцијата висок претставник за БиХ, но, тој го одбил барањето, наведувајќи дека е силно поддржан од Германија, која го предложила за оваа
Go toTop