Шпанска католичка црква: Повеќе од 927 малолетници биле сексуално злоставувани во црквата

June 2, 2023
1 min read

Само една третина од насилниците сѐ уште се живи, а 80 отсто од случаите се случиле пред 2000 година

Шпанската католичка црква објави дека 728 нејзини членови сексуално злоставувале најмалку 927 малолетници во периодот од 1945 до 2022 година.

Тој број не е конечен бидејќи црковните центри за жртви сѐ уште работат, се вели во извештајот.

Весникот „Ел Паис“ пишува дека тие бројки се однесуваат само на случаи за кои Црквата станала свесна откако отворила канцеларии за пријавување злоупотреба во 2019 година. Бискупите сѐ уште не одговараат на прашањата за колку случаи биле запознаени пред тоа, пишуваат шпанските медиуми.

„Ел Паис“ им нуди можност на жртвите на сексуално насилство во Католичката црква да го пријават тоа преку интернет од 2018 година, а оттогаш тоа го сториле 1 957 луѓе. Во извештајот на Црквата се наведува дека 99 отсто од насилниците се мажи, како и 82,62 отсто од жртвите.

Само една третина од насилниците сѐ уште се живи, а 80 отсто од случаите се случиле пред 2000 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

Следно

Во гранатирање во руски Белгород загинале две жени – властите и антивладината Легија со различни верзии за тоа кој е виновен

Latest from Blog

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс

Ѓорѓиевски претстави проект за младите: мобилност, култура и заштеда со „SKOPJE CITY GO“

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го презентира новиот проект „SKOPJE CITY GO“, наменет за младите и сите граѓани на Скопје. „SKOPJE CITY GO“ е
Go toTop